Фајненшал тајмс: Ова е совршен рецепт за отворена војна на Балканот

На Западниот Балкан очајнички му треба учеството на ЕУ и САД и колку подолго западните влади го занемаруваат, ќе мора да платат повисока цена, пишува Фајненшал тајмс.

EPA-EFE

Коментирајќи го фамозниот „нон-пејпер“, оној кој наводно потекнал од словенечкиот премиер Јанез Јанша, весникот наведува дека одбраната на неповредливоста на границите на Западниот Балкан не е доволна политика на Западот кон регионот.

Оценувајќи дека Западниот Балкан, кој ги опфаќа Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Македонија, веќе четврт век е заробен на стратегиски ничија земја, Фајненшал тајмс додава дека „еден од начините на смирување на тензиите во регионот би бил прием на сите шест земји во ЕУ, но тој проект, демек непоколебливата цел на 27-члениот блок, се одвива толку споро што станува сè понерелевантен како одговор на проблемите во регионот“. Лондонскиот весник додава и дека неизвесноста околу иднината на Западниот Балкан ги засилува регионалните антагонизми и отвора можност за други сили, особено Кина, Русија, Турција и државите од Заливот, да го прошират своето влијание во дворот на ЕУ.

Лондонскиот весник оценува дека, иако не постои сериозен ризик од избивање насилства, како војните во деведесеттите, постојаната нестабилност на Западниот Балкан ја задржува способноста на вовлекување на надворешни сили и заострување на меѓународните тензии, како во 19 и 20 век.

Со потсетување дека анонимниот документ кој кружи по Брисел не го одразува официјалниот став на која било влада во ЕУ или на самиот регион и дека никој не ја презема одговорноста за авторството, Фајненшал тајмс укажува дека некои од аргументите во прилог на промени на границите се вообичаени меѓу националистите на Западниот Балкан уште од распадот на социјалистичката југословенска федерација.

Според оценката на ФТ, станува збор за речиси совршен рецепт за конфликт или дури отворена војна на Балканот, а најголемите губитници би биле муслиманите Бошњаци во БиХ, на кои би им останала кревка, ранлива мини-држава.

Укажувајќи дека во документот не се зборува за руското или кинеското влијание на Западниот Балкан, но постојат три референци на Турција, и се спомнува наводниот „радикален ислам“ во БиХ, но не и тој на Косово и во Албанија, весникот заклучува дека, кој и да го напишал, се однесува на темите драги на десничарските популистички кругови низ Европа.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе