Европа ги осудува американските санкции против рускиот гасовод (ВИДЕО)

Европа, а особено Германија, го критикуваше американското изгласување на санкциите за рускиот гасовод Северен тек 2 кој заговорниците го сметаат за стратегиски важен за снабдувањето, но е критикуван поради јакнењето на влијанието на Москва.

„Начелно, ЕУ се противи на санкциите на секоја компанија од Унијата која се занимава со легитимна активност“, изјави европскиот комесар за трговија Фил Хоган. Германија, корисничка на тој проект кој ќе ѝ овозможи удвојување на испораките на евтиниот руски природен гас, на економските аргументи им додаде и линија на политичка одбрана.

„Одлуките за европската енергетска политика се донесуваат во Европа, а не во Соединетите Држави. Начелно ги отфрламе интервенциите и надворешните акции кои имаат вонтериторијални ефекти“, напиша на Твитер министерот за надворешни работи Хеико Мас.

Германското министерство за економија наведе дека жали поради одлуката за санкции.

Карстен Шнајдер, функционер на Социјалдемократската партија, сојузничка на конзервативците на Ангела Меркел во владата, беше уште подиректен и кажа дека „Соединетите Држави се вратиле на Дивиот запад каде се применува само правото на посилниот“.

Конзервативниот пратеник Јоаким Фајфер кажа дека станува збор за „непријателски потег“.

Гасоводот кој е најавен да биде пуштен во функција пред крајот на годината треба да минува под Балтичко Море и да ја одмине Украина. Тоа ги разгневи САД кои со месеци ѝ се закануваат на Европа со санкции, но и Киев, Полска и балтичките земји кои се загрижени од руските аспирации во Европа.

Тие земји сметаат дека завршувањето на гасоводот ќе ја зголеми зависноста на Европејците од рускиот гас, што ќе го засили влијанието на Москва и ќе го ослаби тоа не Украина, сојузничката на Западот низ која минува голем дел од рускиот гас кон Европа.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе