Европа е преплавена со кокаин

Цела Европа во моментов е преплавена со кокаин. Во Германија властите заплениле рекордни количества. Но белиот прав ни оддалеку не е единствениот проблем кога станува збор за дрогите.

Замотан во картон и пластика, скриен во повеќе од 200 темни спортски торби. Така припадниците на германската погранична полиција во јули во Хамбург нашле скриени 4,5 тони кокаин. Товарниот брод за Антверпен всушност требало да пренесува соја. Но, тоа не е единствениот овогодишен голем полициски плен кога станува збор за дрогите. Вкупно полицијата во текот на 2019 година досега запленила повеќе од 10 тони кокаин, шест пати повеќе од пред пет години, пишува Дојче веле.

„Кокаинот во Германија навистина претставува проблем. зад него стои навистина добро организиран криминал. Сега наводно целиот европски пазар е преплавен. Тоа многу ме загрижува“, изјави комесарката на германската влада за наркотици Даниела Лудвиг на годинешниот состанок на кој зсе разговара за конзумацијата на дрогата во Германија.

Според тврдењата на сојузната влада во Германија, повеќе од осум милиони луѓе патат од некаков вид зависност. Тоа значи дека секој десетти жител е зависен од најмалку една легална или нелегална дрога. Четири милиони луѓе се зависни од цигари, 1,6 милиони од алкохол, 300.000 се зависни од канабис, а според проценките, околу 166.000 жители на Германија се зависни од опоиди како хероин и кокаин.

За половина од сите зависници од конзумирање некоја од дрогите станува толку голем проблем што скршнуваат од својот животен пат, ја губат работата или дури завршуваат на улица. Со тоа главно се погодени алкохоличарите кои сочинуваат две третини од сите рехабилитациски пациенти.

Според наводите на сојузната влада, со тоа се погодени околу девет до десет милиони Германци. Иако конзумирањето алкохол во последните години во Германија полека се намалува, но во споредба со меѓународниот просек, Германците сѐ уште пијат надпросечно многу.

Додека во руралните делови луѓето посегнуваат пред сѐ по алкохолот, во градовите се раширени тешките дроги како кокаинот. Една студија, заснована врз анализа на отпадните води во големите европски градови, покажува во германските градови конзумирање тешки дроги, пред сѐ во Берлин, Минхен, Хамбург и Дортмунд.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе