Геополитички обвинувања

ЕУ: Руските медиуми шират паника на Западот

Среде пандемијата на коронавирусот, геополитичките обвинувања продолжуваат по старо, па дури и се влошуваат.

Во документ на Европската Унија, руските медиуми се обвинуваат за ширење паника на Западот преку дезинформации за вирусот. Кина им ги одзема акредитациите на новинарите на три весници во спорот околу слободата на медиумите и известувањата за коронавирусот, со што се интензивира борбата меѓу двете главни светски економии. Ќе бидат протерани најмалку 13 новинари како одмазда за потегот без преседан против кинеските медиуми што работат во САД.

Руските медиуми почнале „значителна кампања за дезинформирање“ против Западот за да го влошат влијанието на коронавирусот, предизвикале паника и посеале недоверба, се наведува во документот на Европската Унија во кој увид имал Ројтерс.

Со пласирање лажни вести на англиски, шпански, италијански, германски и француски на интернет, руската кампања користи контрадикторни, збунувачки и малициозни извештаи за да ѝ отежни на Унијата да одговори на пандемијата, се наведува во извештајот.

Кремљ вчера ги демантираше тврдењата, кажувајќи дека се неосновани и дека им недостига здрав разум.

„Во тек е значајна кампања на дезинформирање која ја спроведуваат медиуми под контрола на Кремљ во врска со вирусот ковид-19“, се наведува во интерниот документ на девет страници од 16 март.

„Сеопфатната цел на руското дезинформирање е да се влоши кризата на јавното здравство во западните земји... во рамки на пошироката стратегија за обид за поткопување на европските општества“, се наведува во документот составен од надворешнополитичкото крило на ЕУ, Европската служба за надворешна акција (ЕЕАС).

Се додава дека специјализираната база на податоци на ЕУ забележала речиси 80 случаи на дезинформирање за коронавирусот од 22 јануари.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков укажа на недостигот на специфичен пример или врска со одреден медиум во документот на ЕУ.

„Повторно зборуваме за некои неосновани тврдења кои во моменталната ситуација се веројатно резултат на антируската опресија“, кажа Песков.

ЕЕАС одби директно да го коментира извештајот, но портпаролот кажа дека ЕУ е во контакт со Гугл, Фејсбук, Твитер и Мајкрософт за да „разговара за ширењето дезинформации за пандемијата на ковид-19“.

ЕУ и НАТО ја обвинуваат Русија за тајна акција, вклучувајќи дезинформирање, во обид да го дестабилизира Западот со користење на поделбите во општеството. Русија ја демантира таквата тактика, а претседателот Владимир Путин ги обвини странските непријатели дека ја напаѓаат Русија со ширење лажни вести за епидемијата за да предизвикаат паника.

Дезинформациите што ги шират проруските медиуми се засноваат на приказна дека коронавирусот е човечко дело и дека Западот го користи како оружје, се наведува во извештајот што прв го пренесе Фајненшл тајмс.

Истражители од Универзитетот на Кардиф откриле еволуирање на тактиката на медиумите под контрола на Кремљ, пренесе Гардијан.

Руските извори не се автори на дезинформациите, туку шират теории што потекнуваат од, на пример, Кина, Иран или САД.

„Таа тактика им овозможува да избегнат обвинувања дека самите ги креирале дезинформациите, и можат само да тврдат дека го пренесуваат она што го кажуваат други“, се наведува во извештајот.

Функционерите на ЕУ го коментираа и известувањето на медиумите во други земји. Во Кина, се наведува во извештајот, државните медиуми се обидуваат дека прикажат дека е за восхит начинот на кој претседателот Си Џонпинг си ја врши работата, а дека кинескиот политички систем е во предност во борбата против вирусот. Во Иран вирусот ковид-19 се претставува како американско биолошко оружје, како болест која Израел ја користи против Иран.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе