ЕУ ја пустоши Хрватска, си заминале најмалку 102 илјади луѓе

Официјалната статистика покажува дека за првите три години од членството во ЕУ од Хрватска се отселиле 102.000 луѓе, а проценките наведуваат и двојно поголема бројка, пренесува Ал џезира.

Според податоците од кога Хрватска стана членка на Европската Унија и откако ѝ беше крената рампата за влез на европскиот пазар на труд во 2013 па до 2016 година година, државата ја напуштиле 102.000 луѓе.

Меѓутоа, се проценува дека вистинската бројка е многу поголема, бидејќи многумина заминуваат „на црно“, не одјавувајќи се. Наводно во тие три години од Хрватска се отселиле дури 230.000 луѓе.

Она што најмногу ги загрижува демографите, а на што предупредуваат економистите и што го забележуваат сите што останале во Хрватска е дека главно заминуваат цели млади семејства, а не како некогаш кога само таткото заминувал на печалба, пишува Ал џезира.

Просечната старост на иселениците се спуштила по 2013 година од 41,5 на 33,6 години, покажало неодамнешно истражување на загребскиот Институт за јавни финансии.

Некои проценуваат дека периодот на интензивно отселување би можел да потрае до 2020 година кога ќе истече рокот до кој Австрија, како последна преостаната членка на ЕУ, реши да им го ограничи пристапот до својот пазар на труд на граѓаните на Хрватска. А според некои проекции Хрватска до 2050 година вкупно би можела да остане без 800.000 жители, додека истовремено би ѝ биле потребни дури милион нови работници.

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе