ЕУ е слабо подготвена за психолошка војна, додека Кина е извонредна во неа

Во борбата против коронавирусот станува збор и за идната геополитичка и глобална поделба на власта, пишува швајцарското издание Тагес-Ансајгер.

За Кина сега ситуацијата е поволна. Авторитарниот режим во Пекинг се позиционира како пожртвуван партнер. Авионите со кинески хиероглифи и црвено знаме со ѕвезди итно ги испорачуваат неопходните средства за заштита во Италија, Шпанија или во Чешка и таму го привлекуваат вниманието на сите. Покрај војната против коронавирусот сега се води и психолошка војна. А авторитарниот режим во Пекинг, изгледа, извонредно се бори во неа, во секој случај подобро од Европската Унија и нејзините земји-учеснички, забележува новинарот Штефан Израел.

Не попусто главниот дипломат на ЕУ Жозеп Борел зборува за глобална борба на „наративи“. Според неговото мислење, режимот во Пекинг ја форсира идејата дека Кина, за разлика од САД, е поодговорен и посигурен партнер. Во неговиот наратив спаѓаат и дискредитација на ЕУ и стигматизација на Европејците како вистински распространувачи на вирусот.

Притоа, ако кинескиот печат беше слободен, коронавирусот веројатно немаше да доведе до пандемија, пишува независната организација „Репортери без граници“. Ако немаше цензура, кинеските медиуми многу порано ќе кренеа тревога и илјадници животи ќе можеше да бидат спасени.

Меѓутоа, во психолошката војна околу коронавирусот кинеската страна не зборува за тоа. Како ни за тоа дека во почетокот на февруари ЕУ прва прати во Кина медицински материјали во вредност од 50 милиони евра, кои таму беа итно неопходни. А сепак, медиумите на кинескиот режим шпекулираат дека вирусот можеби потекнал во Италија. Наративот за великодушноста на Кина и за неспособната за солидарност ЕУ благодарно го прифаќаат во Европа тие што и во сè друго го поддржуваат латентниот евроскептицизам, се вели во статијата.

Впрочем, Европската Унија е слабо подготвена за таква психолошка војна. Особено, Европската комисија нема сопствени авиони со кои Брисел сензационално би можел да прати помош. Притоа, борбата против епидемијата е клучната доблест на земјите-учеснички. Можеби така е и подобро. Само може да си замислиме какво незадоволство ќе се појавеше ако од Брисел дојдеа наредбите за затворање на училиштата или за забрана за излегување на улица.

Разбирливо е и тоа дека во почетокот националните влади рефлексно ги штедат неопходните заштитни материјали. Заштитните маски и одела секаде се дефицитарни. Ниедна влада нема да преживее политички ако се покаже дека средствата за заштита биле пратени во некоја соседна земја, а сега ги нема дома.

Брисел може да дејствува само координирано. А тука, изгледа, се забележува прогрес. Низ цела Европа во рекордно време со заеднички напори се организира набавка на неопходните средства за заштита. ЕУ ги координира и ги финансира акциите за враќање на туристите што се нашле во странство.

Се појавуваат сè повеќе соопштенија за давање хуманитарна помош и за изразување солидарност. Германија, па дури и Швајцарија, земаат пациенти од тешко погодениот Алзас. Баварија и Саксонија ѝ нудат на северна Италија бесплатни кревети во своите одделенија за интензивна нега.

Земјите на ЕУ постепено се присетуваат на духот на солидарноста. Можеби психолошката војна со Пекинг сè уште не е загубена.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе