Експертите уште лани предупредија: пандемија би можела да убие 80 милиони луѓе

Независен извештај, составен кон крајот на минатата година на барање на генералниот секретар на ОН, предупредува дека постои „многу реална закана“ од пандемија која би можела да го преплави светот и да убие околу 80 милиони луѓе.

Смртоносен патоген кој се шири по воздух по светот, се вели во извештајот, би можел да збрише речиси пет отсто од светската економија, а ние на тоа не сме спремни, напиша во септември минатата година за Форин полиси Лори Герет, добитничка на Пулицеровата награда за научно новинарство.

Оваа злокобна анализа ја составила независната група Глобал приперднес мониторинг борд (ГПМБ), која беше формирана минатата година на барање на кабинетот на генералниот секретар на ОН, со поддршка од Светската банка и Светската здравствена организација (СЗО). Копретседатели се поранешната шефица на СЗО и поранешна норвешка премиерка Гро Харлем Брунтланд и генералниот секретар на меѓународната организација на Црвениот крст и Црвената полумесечина Елхаџ ал Си. ГПМБ нарача експертски студии и остро ја нападна политичката, финансиска и логистичка состојба на спремност за пандемија.

„Подготвеноста ја спречува недостигот од континуирана политичка волја на сите нивоа. Иако меѓународните лидери реагираат на здравствените кризи кога стравот и паниката се доволно силни, повеќето земји не посветуваат доволно енергија и ресурси потребни за да се спречи епидемиите да не прераснат во катастрофа“, се вели во извештајот.

„Без намера да ги омаловажувам напорите на ГПМБ, за жал, морам да кажам дека основната порака е испратена веќе многу пати, со многу слаб ефект врз глувите политички лидери, финансиските ентитети или мултинационалните институции. Нема причина да се мисли дека овојпат ќе биде поинаку. Тешко е да се знае, освен навистина смртоносна пандемија на убиствен грип или некој сѐ уште непознат микроб, би можело да ги мотивира глобалните лидери микроскопската закана да ја сфатат сериозно“, пишува Гарет.

Во мај 1989 година нобеловецот Џошуа Ледерберг ги собра своите колеги нобеловци и група исклучителни ловци на вируси на тридневна средба во Вашингтон за да ја разгледаат тогаш смелата хипотеза дека модерната медицина не ги искоренила вирусите, туку всушност се шират по светот по животни и луѓе, често во претходно незабележани форми. Со сѐ почестото патување по воздух, тоа значи дека болеста набрзо по појавувањето на некоја опскурна локација може да се прошири на големите градови и низ светот.

Во тоа време епидемијата ХИВ/СИДА го привлекуваше колективното внимание. Ако неизлечив вирус може да однесе милиони животи, какви други закани може да демнат? За време на собирот тензиите растеле од час во час, како што растело количеството докази кои ја поддржувале оваа хипотеза.

Медицинскиот институт на Националната академија на науки беше толку вџашена од средбата што се сврте кон сите микробиолошки закани во 1992 година објави повик за војна – извештај кој го предизвика интересот на тогашниот американски претседател Бил Клинтон и го поттикна во 1996 година формално да ја класифицира појавата на болеста како закана за националната безбедност.

Во 1994 година Гарет ја објави книгата „Претстојната чума: Новосоздадените болести во неврамнотежениот свет“, во која тврди дека човечките интервенции во глобалното опкружување, проследени од однесување кое поттикнува ширење на микроби меѓу луѓето и од животните на луѓето, гарантира глобална појава на епидемии, па дури и огромни пандемии.

Неговата книга „Предавство на довербата: Колапсот на глобалното јавно здравство“ покажа дека појавите на болестите се потпомогнати од нестручните здравствени системи, човековото однесување и целосното немање конзистентна политичка и финансиска поддршка за системот за борба против болестите низ светот.

Огромен број непознати вируси, како оној кој во 2003 ја предизвика епидемијата на тешкиот акутен респираторен синдром САРС, предизвикаа смрт на луѓе и животни низ светот. За само седум години, од 2011 до 2018, СЗО се бореше со 1.483 епидемии. И трошоците на сузбивањето, заедно со општиот економски едект на нарушувањата, исто така се зголемија, според студијата на ГПМБ која ја нарача Светската банка.

Епидемијата на САРС во 2003 година ја чинеше глобалната економија 40 милијарди долари, трошокот на свинскиот грип во 2009 година достигна 50 милијарди долари, а цената на епидемијата на еболата во западна Африка беше речиси 53 милијарди долари. пандемија на грип каква што се појави во 1918 година денес светската економија би ја чинела три трилиони долари или околу 4,8 отсто од глобалниот БДП.

Економски гледано, побогатите нации се покажаа поотпорни на неодамнешните појави на болести, а ГПМБ предвидува дека земјите како САД или Германија би можеле да минат низ разорна епидемија со губење на БДП помало од 0,5 отсто. Меѓутоа посиромашните нации, од Индија и Русија до земјите на централна Африка, би можеле во истата хипотетична епидемија да изгубат и до два отсто од БДП. Епидемијата на еболата во западна Африка ги чинеше погодените земји, Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја, околу 2,8 милијарди долари, а БДП-то на Сиера Леоне потоа во 2015 година за 20 отсто. А ризиците се сѐ поголеми.

Климатските промени им одговараат на епидемиите, затоа што порастот на температурата и влагата го поттикнува порастот на популацијата на комарци кои пренесуваат болести, им одговара водените површини да се гушат под токсични алги, болниците и земјоделските површини да бидат полни со смртоносни габички и да се менуваат миграциските навики на птиците и другите животни, што микробите ги носи во нови области.

Да ги разгледаме настаните од септември минатата година, на пример. Мистериозната експлозија во лабораторискиот комплекс од советско време во близина на Новосибирск во Русија предизвика загриженост поради вирусот на морбили и други болести кои се чуваат во тамошните фрижидери. Руската лабораторија, позната како Вектор, некогаш беше една од неколкуте добро чувани центри за истражување патогени во светот, но денес постојат повеќе од 1.000 лаборатории на биобезбедно ниво 3 и 4 во кои се чуваат и проучуваат смртоносните микроби. Голем број од нив имале проблеми со безбедноста.

Австралискиот грип Х3Н2 во минатиот век се ширеше по континентот и по бројот на случаи и хоспитализации стана најголема епидемија во поновата историја на земјата. Вкупно заболеа 279.326 Австралијци.

Според податоците на Панамериканската здравствена организација, над 2.384.029 луѓе во Јужна Америка и Карибите заболеа од вирусната инфекција денга минатата есен. Таканаречената ганичка ТР4 одеднаш ги нападна бананите во Централна Америка и потоа се појави и во Австралија и предизвика загриженост околу пропаѓањето на плодовите.

Африканската епидемија на свинска треска која почна во Кина на крајот на 2018 и се рашири низ Азија стигна и до Филипините. Десетици илјади свињи во регионот умреа поради неизлечивата и обично фатална болест.

Иднината изгледа уште полошо, затоа што се во подем микробите кои се шират по воздух, а технологијата со која се менуваат бактериолошките гени стана брза, едноставна, прецизна и евтина. Денес е можно да им се дадат на микробите сите карактеристики па дури и да се создадат од нова ДНК. Дали станува збор за случајно испуштање на вирус или намерно ширење, ниедна нација нема ни организација ни техника да ја сопре епидемијата кога микробите ќе избегаат од лабораториите.

ГПМБ состави листа од седум мерки кои би требало да се имплементираат низ светот за да се подобрат шансите на човештвото во борбата со микробите. Сите тие, во одредена форма, се познати со години, па дури и децении. Сето тоа веќе сме го минале.

„Системите за реакција на епидемија не се доволни за да се носиме со огромен ефект, брзо ширење и шокот по здравствениот, социјалниот и економскиот систем кој би го предизвикала високо смртоносна пандемија, природна, случајна или намерна. Нема доволно инвестиции во истражувањето и развојот и планирањето на иновативен развој на вакцини, производство на широк спектар антивирални производи и соодветни нефармацевтски интервенции. Трошоците за контрола на епидемијата целосно би ги надминале сегашните механизми за финансирање итна реакција“, се вели во извештајот.

Клинтоновата администрација во 1996 прогласи дека новите инфективни болести како еболата и туберкулозата се отпорни на лековите, а претставуваат еден од најважните здравствени и безбедносни предизвици со кои се соочува глобалната заедница и претстави план од осум точки за подобрување на спремноста за пандемија.

Спцифичностите можеби се сменети, но тонот и препораките во новиот пандемски извештај се неверојатно слични, а сега можеби и поитни. ГПМБ инсистира на тоа дека епидемиите може да се контролираат и сузбиваат ако човештвото има политичка и финансиска волја за тоа. Досега, меѓутоа, човештвото ги исфрла заканите од својата колективна свет набрзо по престанувањето на епидемијата.

Грипот од 1918 година уби 50 до 100 милиони луѓе. А чумата во 14 век однесе 60 отсто од европската популација, околу 50 милиони луѓе. Во текот на своите животи не успеавме да го сопреме ХИВ, кој од појавата на светската сцена во 1981 погоди 75 милони луѓе, а 32 милиони уби.

„Ние знаеме дека ќе се случи уште една страшна епидемија, можеби не толку голема како грипот во 1918 или како чумата, но секако ужасна. Сепак, веројатно ќе ни треба многу повеќе од стручни извештаи за да мобилизираме сериозни колективни напори во спречувањето и подготовката за катастрофата“, заклучи Гарет.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе