Европа би требало да се загрижи

Економист: Путин би можел да го победи НАТО на Балтикот

Она што би требало да ја загрижува ЕУ повеќе од расфрлањето со нуклеарно оружје е огромната конвенционална сила која Русија ја трупа на Балтикот, пишува британски Економист.

Како што тврди весникот, Путин во своето годишно обраќање до нацијата и говорот за нуклеарната ракета со неограничен дострел, која гарантирано може да ја избегне непријателската противвоздушна одбрана, ги доби насловните страници што ги посакуваше, иако „нема ништо ново во тоа дека Русија може да ги уништи САД со нуклеарно оружје, како ни индикации дека нешто ќе се смени на тој фронт“.

Меѓутоа, она што би требало повеќе да ја загрижи Европа е сѐ поголемата руска сила која се развива на Балтикот, смета Економист. Според повеќето параметри, НАТО е во предност пред Русија, меѓутоа реалноста на теренот би можела да биде поинаква.

Во текстот од 8 март се повикува на тврдењата на РАНД корпорацијата, чии експерти тврдат дека Русија сега има значителна локална надмоќ во однос на НАТО во случај на каков било конфликт во близина на нејзините граници.

Силите на НАТО, кога би се собрале, би биле преголеми за Русија да се избори со нив, но во раните стадиуми на конфликтот, во првиот месец или можеби и подолго, Алијансата би била победена.

Во изминатата деценија беше направена разлика меѓу западните сили и нивните руски колеги во однос на развојот, смета британскиот весник.

Членките на НАТО се прилагодија на операции против бунтовниците во земји како Авганистан, со реконструкција во лесни експедициски сили, додека Русија се концентрираше на обновување на мобилните сили и огненото оружје за брзи и силни удари врз противниците.

Во рамки на напорите за воена реформа кои следеа по слабиот ефект на војната во Грузија во 2008, Русија ги професионализираше своите сили, ги опреми со современо тешко вооружување и ги усоврши со чести големи воени вежби и искуство во борбите во Украина и Сирија.

Она што ги загрижува командантите на НАТО е големата борбена моќ која Русија може да ја фокусира во балтичкиот регион за многу краток рок.

Според РАНД, доколку би дошло до тенковска битка, Русија би била бројно надмоќна против НАТО во однос 5,9 спрема еден, во пешадија 4,6 спрема еден, а во артилерија дури 270 спрема нула.

И додека НАТО би имал значителна предност во воздухот, ефикасноста на авионите брзо би се намалила кога ќе се соочат со најсилната противвоздушна одбрана во светот.

На предноста на Русија, како што се тврди, придонесува и можноста за користење на интерните сообраќајни линии за брзо да ги зголеми своите сили. Од друга страна, НАТО не ја зачува својата транспортна инфраструктура од времето на Студената војна, мостовите не можат да ги издржат тенковите, а пругите не се наменети за вагони со тешко вооружување.

НАТО има многу простор да го унапреди конвенционалното одвраќање, но се наметнува прашањето дали Алијансата е способна да се фокусира на тоа.

Членките на НАТО од југот на Европа се преокупирани со приливот на емигранти, Франција се бори против бунтот во африкански Сахел, а во новиот германски коалициски договор прашањето на оружените сили е на 156-тата од 177 страници, додека Путиновите приоритети се многу поинакви, заклучува Економист.

Универзитетите повеќе не се место за натпревар помеѓу кандидатите во креација, научна продукција и сл., туку место за „вдомување“ на партиски активисти.

повеќе

Спортските организации својата активност премногу ја имаат насочено кон дејноста спорт како игра, тренирање или бизнис, а не кон спортот како социјална потреба во функција на подобрување на општествените состојби.

повеќе

Н е јасно како оваа одложена покана е поразлична од онаа од Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година.

повеќе