Економист: Балканските земји прерано соопштија дека ковид-19 е под контрола

Неколку месеци се чинеше дека Балканот добро стои со пандемијата на коронавирусот, но сега од десетте земји со најбрзорастечка стапка на инфекција во Европа - осум се од Балканот, пишува Економист, оценувајќи дека владите на балканските земји прерано соопштиле дека вирусот е под контрола.

Фото: ЕПА

Ако воопшто било точно дека цврстите мерки во прво време дале плод, таа предност се изгуби со брзото повторно отворање. Или можеби првичните броеви биле погрешни, благодарение на лошо мерење или прикривање; можеби сликата никогаш не била добра како што се чинеше, наведува неделникот.

До почетокот на јуни, според српската статистика, само 244 луѓе починале како резултат на инфекцијата, но потоа во еден истражувачки извештај беше наведено дека вистинскиот број на смртни случаи е 632, пишува Економист и додава дека претседателот и владата, тогаш вклучени во изборна кампања, негирале дека се обидуваат да ги минимизираат вистинските броеви.

Повикувајќи се на мислењето на лекари, Економист како причина за малиот број регистрирани инфекции во првите месеци од епидемијата во Србија наведува дека имало малку тестирања. Денес повеќе се тестира, вели неделникот и додава дека се чини дека српските власти објавуваат поточни бројки, делумно и под притисок на 2.870 огорчени доктори што потпишаа протестно писмо.

Како и во поголем дел од Европа, официјалните пораки се збунувачки, а на Балканот во забуната придонесува и малата доверба во власта, вели Економист и додава дека многумина веруваат во теории на заговор, кои често ги промовираат угледни луѓе.

Опишувајќи ја ситуацијата во одредени делови од регионот, Економист вели дека на Косово претседателот, среде политички спор со премиерот и владата, повика на игнорирање на препораките, а семејствата на заразените влегуваат и излегуваат од болниците без проверки и им носат храна.

Илјадници луѓе се влеваат во Албанија полнејќи ги плажите, слично на сцените на брегот на Црно Море во Романија, каде што исто така рапидно расте бројот на заразените.

Кога станува збор за Босна, болниците се држат добро, но поради скандалите што ги следат набавките поврзани со борбата против ковид-19, многумина веруваат дека „некој заработил пари додека беше во сила карантин“, пишува Економист и потсетува на аферата со компанијата „Сребрена малина“, на која ѝ беше доверена задача да увезува респиратори од Кина, иако немаше референци за трговија со медицинска опрема.

Во јуни, потсетува Економист, српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ организираше регионален тениски турнир, на кој се прегрнуваше и се забавуваше со хрватски и бугарски тенисери, од кои неколку беа заразени.

Свештениците, исто така, одиграа улога, додава Економист, наведувајќи го примерот на Црна Гора, каде, како што тврди, имало случаи на инфекција во почетокот на празниците, како и „по големите антивладини демонстрации предводени од православната црква“.

Пандемијата низ целиот регион се совпадна со православните, католичките и муслиманските прослави и собири, се додава, а уште полошо, во тој сиромашен дел од Европа има огромен притисок за враќање на работа, што дополнително ја зголемува стапката на зараза, заклучува Економист.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе