Франс прес за рускиот претседател

Две децении од доаѓањето на власт Путин е решен е да ја задржи (ВИДЕО)

Кога на 9 август 1999 година Владимир Путин беше именуван за премиер на Русија многумина веруваа дека малку познатиот шеф на разузнавачките служби планира да ги продолжи демократските реформи во постсоветските години, истворемено воведувајќи ред во земјата.

Дваесет години подоцна е цврсто инсталиран на власта, која, се чини, е решен да ја задржи, пишува Франс прес.

Во последните недели одбивањето на руските власти да ѝ дозволи на опозицијата кандидатури на локалните избори во повеќе градови, вклучувајќи ја Москва, и силната реакција на опозициските протести остава малку простор за сомнеж во решеноста на Путин да ја задржи власта.

Поранешниот агент на КГБ, кој беше популарен поради враќањето на позицијата на својата земја на меѓународната сцена, нема да ѝ дозволи на опозицијата да се пробие иако рускиот устав не ми дозволува да се кандидира за нов претседателски мандат во 2024 година.

Руската политичка класа се прашува за намерите на сегашниот претседател по истекот на мандатот.

Дали повторно ќе ја врши функцијата премиер, како од 2008 до 2012, дали ќе одреди свој наследник, како што тоа го направи со него Борис Јелцин во 1999, дали ќе има почесна функција која би му овозможила да ги влече конците како што тоа го направи првиот човек во соседен Казахстан?

Владимир Путин имаше рекордна популарност по анексијата на Крим.

Таа почна да опаѓа по најавата на непопуларната пензиска реформа пред една година, тешко прифатлива за населението со многу ниски примања кои се во пад во последните пет години, наведува француската агенција.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе