ПОЛИТИКО

Доналд Трамп: Добредојде во „мизерната дупка“ Брисел

Не се секирај. Ова ќе биде кратко - и сè ќе биде во врска со тебе.

Како што ти сам посочи, Брисел е мизерна дупка, но Белгија навистина е прекрасен град.

Таа му е дом, како што и сам знаеш, на НАТО, кој порано беше, но веќе очигледно не е, застарен. И ЕУ е тука. Запамти, ти си „тотално на нејзина страна“.

Држ се. Следува цела листа на работи.

Ќе уживаш во средбата со кралот и кралицата на Белгија и со претседателот на Франција. Ќе сретнеш и два-тројца претседатели на ЕУ. (Не се труди да ги разликуваш.)

Твојот престој овде ќе биде краток, но ќе имаш многу време за тепање, бидејќи на локалните кабелски нема Фокс њуз. А тоа што ќе си го покажуваш лицето по град ќе ги потсети еврофилите дека Обама беше преголем слабак за да дојде до Брисел сè до пола втор мандат.

Значи, ако сакаш да излезеш, еве ти еден личен водич за градот:

Музејот Магрит

Ќе го обожаваш ова место, популарен дел од Кралскиот музеј на ликовни уметности посветен на делата на белгискиот надреалистички мајстор Рене Магрит. На крајот на краиштата, ова беше човекот што наслика луле заедно со зборовите: „Ова не е луле“ - и тоа комплетно пројде кај луѓето! Магрит направи и огромен портрет на една жена чие лице не е ништо друго освен гради и вагина. Генијалец.

Високи згради

Брисел котира прилично ниско во одделот на облакодерите. Највисоката зграда во градот е Миди кулата, патетични 38 ката - дури ни половина висока колку Трамп кулата. Инаку, највисокиот хотел има само 30 ката и има ужасно име: Хотелот. Прилично е очигледно како може да се подобри тоа.

 Ватерло

Веднаш до Брисел. Има еден огромен споменик. Меѓутоа, има многу скалила. Можеби е подобро само да се гледа филмот.

Кралот Леополд Втори

Ќе го обожаваш. Тој е типот што почнал со ништо повеќе од мало парче недвижност што му го оставил татко му и го претворил во крваво богатство. Тој е одговорен за повеќето од најголемите и најубавите згради во Брисел, а и го ставил своето име на сите нив. Тој исто така знаел како да води земја исто како што ти знаеш да ги водиш своите бизниси, особено кога земјата не била негова.

Филе Американ

Предупредување: И покрај страшно доброто име, ова не е тоа што мислиш. Сите знаат дека најдобар стек е добро испечениот, но Белгијците ја сакаат онаа леплива мрсна комбинација од суров сечкан бифтек, јајца и каперси. Единственото добро нешто во врска со него е што е полно со кечап. Но ако некој може да го направи Американ повторно голем, тоа си ти.

Прес-собата на Европската комисија

Ќе сакаш да ги ѕирнеш дневните прес-брифинзи на Комисијата во Берлемон. Тие се совршено направени за да не треба да одговараш на прашања и се одлично место за да видиш како голем број лажни новинари разгневено се маваат со дланка по глава. Донеси го и Спајсер, ако е уште тука.

Здраво, диктаторе!

Во Берлемон местото што треба да го избегнуваш е „ВИП-ќошето“ на Комисијата. Со Жан-Клод Јункер, оваа фотозаднина баш пред прес-собата беше преименувана во Зона бакни-и-грабни. Тој или ќе ти ја тегне краватата, ќе ти ја бушави косата или ќе проба да те баци во чело. А тоа му проаѓа бидејќи кога си претседател на Европската комисија, ти дозволуваат такви работи!

Барови

Океј, не пиеш алкохол, но откако те избраа, многу други луѓе пијат. Многу. Во текот на твојата посета на Брисел, тоа е местото каде што најверојатно ќе ги најдеш новинарите, пратениците, Најџел Фараж и повеќето од твоите вработени.

Моленбек

Ај да не одиме таму.

Момчето што мокри

Го рипаме и ова.

Миниевропа

Ова повеќе е нискоенергетска Европа. Овој тематски парк е составен од макети на големите архитектонски чуда на континентот, од Кривата кула во Пиза до Биг Бен. Добра визуализација е тоа. Макетите буквално ќе бидат џуџиња во однос на тебе. Плус, по посетата ќе можеш да кажеш дека си бил во сите земји во Европа. А можеби тоа значи дека нема да треба да доаѓаш пак.

Извор: Политико

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе