Дојче веле: Унгарија е испружен среден прст кон Ангела Меркел

Времето на Виктор Орбан во Европската народна партија истече. Со него би требало да си заминат и претседателот на ЕПП Жозеф Даул и кандидатот за претседател на Европската комисија Манфред Вебер.

Тоа би било услуга за Европа, смета Штефан Ожват, дописникот на германскиот јавен сервис од југоисточна Европа, во текст за Дојче веле.

„Виктор Орбан добро ги познава своите пријатели-истомисленици од Европската народна партија (ЕПП). Тој смета дека тие се „корисни идиоти“ и дека се слаби. И до некаде е во право. Противник на алфа-мажјакот од Унгарија, политички гледано, е лесна категорија: Менфред Вебер, од баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ). Вебер, шеф на фракција на ЕПП во Европскиот парламент кој сака да стане претседател на Европската комисија, досега многу пати повлекуваше „црвени линии“ преку кои Орбан танцува постојано пречекорувајќи ги, бидејќи тој реагира само на јасни пораки – вака и тогаш“, пишува Ожват.

Според него, Орбан го диктира темпото, а раководството на ЕПП дозволува да биде водено и заведено.

„Вебер сака со помош на унгарските гласови да седне во фотелјата на претседателот на Европската комисија. Орбан тоа го знае и му се умилкува на Вебер. А дома дозволува неговите медиуми невкусно да удираат по Јункер и бандата. Тоа не е ништо ново: суштината на тој селски популизам е постојано да се води предизборна кампања, со нови слики на замислени непријатели. Совршеното жртвено јагне е еврејскиот милијардер Џорџ Сорос, кој наводно ги влече конците во Брисел околу емиграцијата, како што тоа пропагандата на Унгарците им го сервира веќе четири години“, смета Ожват.

Тој смета дека Баварците од ЦСУ сето тоа го знаат, но сепак го користат Орбан за пораките што ги испраќаат до Берлин.

„„Унгарија е таканаречен испружен среден прст против Ангела Меркел. А тука се и германските економски интереси кои очигледно ги поткопуваат основните европски вредности. Германските произведувачи на автомобили ги сакаат унгарските работилници: Мерцедес, Ауди, БМВ – сите тие инвестираат милијарди во Орбановото царство. Ги привлекуваат ниските даноци, добро обучените работници и слабите синдикати. А сосема случајно централата на Ауди е во изборниот реон на поранешниот лидер на ЦСУ и германски министер за внатрешни работи Хорст Зехофер. Орбан добива на вредност, може да ги наполни своите буџетски каси и да дозволи да го слават како успешен економски капетан. Станува збор за вин-вин ситуација. Критиките на сметка на Орбан досега се губеа во маглата на политиката на смирување на Европската народна партија. Мантрата на ЕПП со години беше – Ќе го средиме тоа интерно, така подобро можеме да влијаеме на него. Конзервативците радо со прстот покажуваат на политичката конкуренција: И вие социјалдемократите ги имате Романците, матните ликови како Понте и Драгнеа“, истакнува авторот.

Додава и дека претседателот на ЕПП Даул и Вебер отишле и чекор понатаму.

„Тие минатата година учествуваа во предизборната кампања на Орбан во Унгарија. Во тоа време Орбан веќе ги протеруваше Централниот европски универзитет и граѓанското општество. Уште тогаш имаше плакати на кои пишуваше „Стоп Брисел“, беа пуштани пропагандни спотови, писма до секое унгарско домаќинство, финансирани, патем кажано, со европски пари. Фондовите на ЕУ со години ги богатат олигарсите на Орбан и луѓето од неговиот клан. А ЕПП неуморно се повикува на „европските вредности“. Фактот што досега десетина партии членки на ЕПП му испратија писма на претседателот Даул барајќи исфрлање на Унгарија од ЕПП има двојно значење. Доста им е од Орбан и неговите луѓе. Но писмата може да се сфатат и како гласање за недоверба против Даул и Вебер кои долго ја држат својата заштитничка рака врз селскиот популист“, наведува авторот.

Истакнува и дека тие се навистина Орбановите „корисни идиоти“ кои го направија толку голем што може да стане сериозна закана за Европа.

„Орбановото време во ЕПП истече, а Даул и Вебер треба да си заминат со него. Само на тој начин Европската народна партија може повторно да стане валидна. А тоа би било и услуга на Европа“, заклучува Ожват.

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе