Дојче веле: Трамп тргна на турнеја, а Пенс „вежба за претседател“

Американскиот претседател Доналд Трамп тргна на својата прва турнеја во странство, а првата земја што ќе ја посети е Саудиска Арабија. Ова патување, но и другите настани поврзани со Белата куќа, ги анализираат и германските медиуми, пренесува Дојче веле.

Насловот на Шпигл е „Доналд го открива светот“. Под него следува краток опис на проблематиката: „Доналд Трамп тргнува на своето прв патување во странство. Блискиот Исток и Европа, ќе биде напорно. Сака да го покаже дека го држи светот под контрола. Од ниту еден друг претседател не се очекувало толку малку“.

„На своето патување Трамп ќе одржи два големи говори -  во Ријад и во Ерусалим. Сака да покаже дека може да биде претседателски, дека ја има ситуацијата под контрола, дека аферата со Русија може да ја остави зад себе. Во Ријад ќе зборува за исламот – таму напнато исчекуваат да слушнат што ќе каже. Говорот го подготвува Трамповиот „хардлајнер“ Стивен Милер кој веќе беше кореограф на забраната за влез во САД за граѓаните на муслиманските земји.Освен тоа, Трамп уште во предизборната кампања тврдеше: исламот ја мрази Америка“.

„И покрај тоа, во Ријад ќе се сретне со сојузници. Саудиската кралска куќа го цени претседателот поради неговите критички изјави за Иран, а другите владетели во регионот сакаат Трамп да го видат како партнер против непријателот Техеран. Трамп се надева дека за возврат ќе ја добие поддршката од сунитскиот свет во борбата против ИСИС“.

„Во Израел го чека мешавина од скепса и надеж. Со месеци Трамп зборува дека сжќе создаде мир во регионот, што е нешто што не им успеало на генерации дипломати. Проблемот е во тоа што никој не знае што сака Трамп, ниту за што се залага. Од една страна, тој за амбасадор на САД во Израел именуваше човек кој во минатото го поддржуваше радикалното движење на изградба на населби. Од друга страна, изненадувачки позитивно се зирази за палестинскиот претседател махмуд Абас“, пишува Шпигл.

Весникто Цајт смета дека за Трамп е добро тоа што накратко ги напуша САД. „За претседателот и средбата со неговиот колумбиски колега Хуан Мануел Сантос беше добра прилика во неделата во која се открија многу нешта за него да демонстрира нормалност“.

„Истрагата на врските меѓу Москва и Овалната канцеларија во најлош случај би можела да потрае со години. Уште сега постојаните вести за улогата на Русија и постапките на Трамп ги оптоваруваат плановите на Белата куќа.

Големите потфати заглавија, по неколкуте помали делумни успеси како на пример напредокот во реформата на здравството. И самиот Трамп би можелд а ја прокоцка поддршката од републиканскиот естаблишмент. Политико пренесува дека некои конзервативци зад затворени врати веќе отворено размислуваат за Мајк Пенс како претседател.

Политико дури цитира еден пратеник кој кажал дека потпретседателот веќе вежба...“

И интернет весникот на порталот Т-онлајн пишува дека „Криза ги нагризува САД и ги голта политичките ресурси. Нормалната политичка работа е речиси замрена. Никој повеќе не зборува за здравствениот систем, за Трамповата реформа на даночниот систем, за ѕидот на границата со Мексико.

Кризата со Северна Кореја не се смирува, американската војска е загрижена поради ситуацијата во Авганистан, Турција е лута поради американските испораки на оружје на сириските Курди. Странски дипломати се вџашени од хаосот во белата куќа. Во други земји обвинувања како тие за аферата со Русија одамна ќе беа доволни за да се сносат политички последици. Но во САД патот до отповикување на претседателот е многу тежок.

Обиди за нешто такво имало само двапати во историјата, а и двата пати не довело до резултатот што го сакале обвинителите“.

Именувањето на специјален обвинител за односите меѓу тимот на Трамп и Русија е исто така една од главните теми која, според швајцарскиот весник Ноје цирхер цајтунг, „претседателот на САД че го следи неодредено време, со несогледливи последици.

Историјата нуди доволно страшни примери за скандали кои таквите обвинители ги ископале. Сега Трамп зад себе има уште едно куќе-трагач кое душка...за тоа што нештата отидоа толку далеку Трамп може да се обвини само себеси: кога минатата недела го смени шефот на ФБИ Џејмс Коми, придвижи лавина која би можела и него да го затрупа“.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе