Дојче веле: Темната страна на хрватската летна бајка

За хрватскиот министер за туризам Гари Капели ова е добро лето, пишува Дојче веле и ги пренесува неговите зборови дека Хрватска годинава би требало да ја надмине бројката од 100 милиони туристи. Но, „постои темна страна на хрватската летна бајка: на земјата ѝ недостасуваат работници, особено на сончевиот Јадран“.

На туристичкиот сектор му недостасуваат готвачи, услужен персонал, чистачки и негувателки. На врвот на сезоната има 2.700 непополнети работни места во туристичкиот сектор, истакнува Дојче веле и додава дека нема доволно работници ни за градежништвото и здравството.

Клучната причина за таквиот развој на настаните е влегувањето на Хрватска во Европската Унија, односно слободата на движењето што тоа ја овозможи. Голем број работници во меѓувреме заминаа за Германија, и тоа не само високообразованите, туку и ѕидарите, готвачите и медицинските сестри. „Тој егзодус е проблемот со кој Хрватска очајнички се бори“, пишува германската агенција и го констатира парадоксот дека во голем број сектори во Хрватска недостигаат работници, а според официјалните статистики има 170.000 невработени.

Проблемот е што многумина од нив не се квлафикувани за местата кои не се пополнети. Власта проблемот со недостигот на работна сила сака да го реши со увоз на работници од други земји, главно од Босна и Херцеговина, па се заговара и работа на малолетници, додека експертите со скепса гледаат на таквите предлози, сметајќи дека може да се случи уште поголема експлоатација на работниците во ионака слабо платените професии.

Дојче веле го цитира економистот Љуба Јурчиќ, кој смета дека ситуацијата во Хрватска е катастрофална и дека не постојат доследни економски и социјални политики кои би ги задржале луѓето во Хрватска. Владата на Андреј Пленковиќ сепак ги зголеми квотите за увоз на работници во градежниот сектор за да можат да се реализираат важните инвестициски проекти, и издвои 20 милиони евра за едукација на невработените. За Јурчиќ тоа не е доволно. Тој предвидува дека Хрватска во иднина нема да има само недостиг од работници, туку и недостиг од граѓани ако продолжи по истиот пат.

Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)!

повеќе

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе