Дојче веле: Другото, нехумано лице на Грците

Пред пет години Грците им помагаа на бегалците, а денес ги бркаат. Расположението во таа земја се смени, оценува уредникот на редакцијата на грчки јазик на Дојче веле.

Уредникот на Дојче веле на грчки Спирос Москову пишува дека од Грција деновиве пристигнуваат вознемирувачки слики: на грчко-турската граница, на реката Марица, безбедносните сили користат солзавец против бегалците и емигрантите кои се обидуваат да стигнат до Европа.

Ноќе патролираат „граѓански стражи“ во потрага по дојденци кои можеби влегле во земјата. На островот Лезбос жителите се обидуваат да го оттурнат бегалските бродови од брегот. А во близина на озлогласениот бегалски камп Морија, десничарските групи ги шиканираат и вознемируваат припадниците на хуманитарните организации и ги тепаат новинарите.

Пет години по првата бегалска криза, Грција го покажува своето друго, нехумано лице. Деновите на славниот пекар од Кос кој им делеше леб на бегалците и за тоа беше награден со Европската награда за придонес на граѓанското општество изгледа завршија.

Грција во воена треска

Од новиот наплив на луѓето без надеж на североисточната граница на Грција, поттикнат од перфидното отворање на турската граница од претседателот Реџеп Таип Ердоган, земјата се најде во своевидна воена треска. Дури и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се почувствува должна да им испрати апел на грчките служби за безбедност во кој ги повикува на поумерен однос кон бегалците на реката Марица.

Одговорноста за таквиот развој на ситуацијата ја има конзервативната влада, на инаку толку модерниот премиер Киријакос Мицотакис, кој од самиот почеток сакаше да заземе поостар курс во бегалската криза. Портпаролот на неговата влада Стелиос Пецас, по случувањата на Марица, кажа дека Грција е изложена на „асиметрична закана“. Со таа намерно одбрана воена терминологија преку ноќ беше свртен нов лист: бегалскиот проблем во Грција стана безбедносен проблем. Во согласност со тоа, се смени и расположението. На социјалните мрежи – за кои се знае дека не се место за политички коректните – постојано, и сѐ повеќе, има расистички коментари против новодојдените.

Пет години по првиот бран бегалци во 2015 година може да се каже дека Грција тешко може да одговори на предизвикот од околу 110.000 бегалци, колку во просек секој ден престојуваат во таа земја. И покрај првично позитивниот став на широките слоеви на населението и стотиците милиони евра кои пристигнаа од Брисел. На сомнежите дека средствата од ЕУ биле проневерени никој не реагираше, ниту е отворена истрага. Уредна и ефикасна обработка на барањата за азил никогаш не беше постигната. Немаше широка расправа за можната интеграција на бегалците во грчкото општество. Владите во Атина, без оглед на тоа од која политичка боја и ориентација се, постојано ги игнорираа жалбите од бегалските острови – Лезбос, Кос и Самос.

Островите повеќе не можат да го издржат напливот

Локалните власти на островите повеќе не можат да се носат со товарот на новите пристигнувања. Бегалскиот камп Морија на Лезбос одамна се претвори во куп очајни луѓе. Таквата ситуација е најплодниот расадник на расизам, и тоа сега излегува на виделина.

„Сите би требало да заминат“, вели еден човек од Лезбос за Дојче веле. „Би требало да се вратат во своите земји и да дојдат подоцна, како туристи кога ситуацијата ќе се среди. Дури тогаш ќе бидат добредојдени кај нас“.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе