Договорот на Киев за Донбас: Чекор кон решавање на конфликтот или капитулација?

Русија и европските сили го поздравија договорот на Киев и бунтовничките сили во Донбас во Украина, но многумина во таа земја договорот го отфрлија како капитулација.

Во договорот кој беше потпишан во понеделникот со бунтовниците, Украина, Русија и европските посредници се обврзаа да бидат одржани избори на истокот во тој регон, каде веќе пет години трае конфликтот меѓу сепаратистите и украинските сили, во кој загинаа над 13.000 луѓе, наведува Ројтерс.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го поздрави договорот како голем чекор кон решавање на конфликтот, додека останатите политичари во таа земја оценија дека тоа ја отвора вратата за „зацементирање“ на присуството на Русија во регионот.

Зеленски инсистира дека локалните избори на истокот ќе бидат одржани исклучиво по законите на Украина и откако земјата ќе ја врати контролата врз своите граници.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков го поздрави постигнувањето на договорот како позитивен чекор кон примената на договорот од Минск и најави дека наскоро ќе биде соопштен датумот на самитот на Нормандиската четворка, односно Германија, Франција, Русија и Украина.

Германската канцеларка Ангела Меркел кажа дека сѐ уште е рано да се зборува за можноста за укинување на санкциите на Русија, но го поздрави договорот како чекор во вистинската насока.

Од друга страна, поранешниот претседател Петро Порошенко, кој дека е пратеник во парламентот, кажа дека „ова е капитулација на Украина“.

Тој оцени дека со договорот Украина паднала во рацете на Русија бидејќи се обврзала да одржи локални избори, но не добила гаранции дека повторно ќе воспостави контрола на својата граница со Русија.

Договорот од Минск, потпишан во 2015 под покровителство на Франција и Германија, предвидува Украина да ја врати целосната контрола врз својата граница со Русија, но дури откако регионите со мнозинско руско население ќе добијат широка автономија и ќе одржат локални избори.

Одредбите на договорот од Минск за широка автономија наидоа на критики во Украина, што беше пречка за реализација на договорот кој Зеленски сега се обидува да го оживее.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе