Гардијан

Додик купува илјадници пушки, се спрема ли нова војна во БиХ?

Полицијата на Република Српска нарача 2.500 автоматски пушки од Србија, наводно за антитерористички операции, а пратката треба да биде испорачана во март.

Оружјето на ентитетот на босанските Срби, чиј претседател Милорад Додик одамна се заканува со отцепување од Босна и Херцеговина, ќе пристигне неколку дена пред отворањето на контроверзниот антитерористички центар во кој обуката ќе ја водат руски советници, јавува британски Гардијан.

Властите на Република Српска ја правдаат својата нарачка на оружјето со одбраната од потенцијални терористички напади и наведуваат дека нивната полиција тренира со американски, а не со руски сили. Но,во соопштението од Бања Лука не се наведува дали во иднина безбедносните сили ќе соработуваат со Русите во обуката.

Пратката оружје предизвика голема загриженост во земјата во која јакнат тензиите поради српскиот сепаратизам и други фактори. Како што пишува британскиот весник, Дејтонскиот договор ја заврши војната, но во исто време создаде систем на власт кој ја наградува националистичката политика. Националистичките партии цврсто ја држат моќта во своите одвоени феуди, во кои виреат корупцијата, сиромаштијата и невработеноста. За очајната состојба во БиХ можеби најдобро сведочи фактот за официјално највисоката стапка на невработеност на младите во светот.

Српските активисти, централната влада во Сараево и западните дипломати се уверени дека Додик ќе ја корсти тешко вооружената полициска единица за со сила да ја зацврсти својата позиција пред изборите во октомври, на долгорочно можеби и за отцепување за кое Сараево, Брисел и Вашингтон инсистираат дека не доаѓа предвид. Тоа пак значи ризик од нова војна во регионот.

Во сето ова критична е улогата на Москва, која се обидува да го наметне своето влијание во регионот, а Додик го гледа како посредник за остварување на своите интереси и „заштита“ од босанското приклучување на НАТО. Додик се сретна со рускиот претседател Владимир Путин најмалку шест пати од 2014 година.

Република Српска има и сопствена паравоена група, „Србска част“, чии припадници парадираа на улиците на Бања Лука и го посетија парламентт на РС на 9 јануари, на денот на Република Српска. Тврдењата на „Србска част“ дека се само хуманитарна организација ги демантираат нивните сопствени фотографии на социјалните мрежи, полни со оружје, униформи и српски националистички ознаки.

„Тоа е организација на лути мускулести мажи кои владата ги користи за да му се заканува и да го заплашува сопствениот народ. Сепак, овојпат отидоа подалеку од своето вообичаено шоу. Овој пат изгледа опасно“, коментира Александар Трифуновиќ, уредникот на босанскиот портал Бука.

Додик го потврди купувањето на оружјето кое прв го објави сараевскиот весник Журнал. „Тоа е целосно легитимна акција и ние немаме што да криеме. 20 години немавме право да ја опремиме полицијата, сега решивме да го направиме тоа“, кажа Додик.

Високиот претставник на меѓународната заедница за БиХ Валентин Инско изрази загриженост околу пратката. „Би сакал оваа земја да има што е можно помалку оружје. Ако едната страна набави вакво оружје, и другата страна ќе сака“, оцени тој.

Министерството за внатрепни работи на РС за Гардијан тврди дека неговата полиција „никогаш немала никаков вид обука со руските полициски власти ни во Русија ни во Република Српска, вклучувајќи ги и специјалните сили“. Се додава дека новиот центар за антитерористичка обука кој ќе биде отворен во април, вреден четири милиони долари, се финансира од средства на РС и дека го посетиле американскиот амбасадор и припадници на американските сили во земјата.

Меѓутоа, во 2015 министерството за внатрешни работи на РС потпиша договор за соработка со Москва со кој се предвидува руски специјалци да спроведуваат обука за борба против тероризмот во РС. Центарот крај Бања Лука личи на контроверзниот центар во Ниш во Србија, за кој Вашингтон се сомнева дека е центар на руските разузнавачки служби во регионот кои водат тајни операции.

„Нема цврсти докази“ дека Русите во БиХ отвораат центар од тој тип, коментира неименуван западен дипломат. „Но, внимателно ја следиме ситуацијата. Курт Басаунер, експерт за БиХ од Советот за политика на демократизација, предупредува дека ЕУ со намалувањето на своите сили на само 600 војници во Босна остава вакум кој Русија веројатно ќе го пополни.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе