Додека светската популација достигнува 8 милијарди, Кина загрижена поради премалиот број бебиња

Кинескиот програмер Танг Хуаџун обожава да си игра со своето двегодишно дете во нивниот стан на периферијата на Пекинг, но вели дека најверојатно нема да има уште едно дете.

Фото: ЕПА

Ваквите одлуки на безброј луѓе како Танг ќе го одредат курсот не само на кинеското население, туку и на светот, кој според Обединетите нации се предвидува дека во вторник ќе достигне 8 милијарди жители.

39-годишниот Танг вели дека многу негови пријатели што се во брак имаат само едно дете и, како и тој, не планираат уште. Помладите не се заинтересирани ни да стапат во брак, а камоли да имаат бебиња, рече тој.

Скапото чување на децата е главната пречка за раѓањата во Кина, при што многу семејства во сè помобилното општество не можат да сметаат на помош од бабите и дедовците, кои можеби живеат далеку, пренесува Ројтерс.

„Друга причина е тоа што многумина од нас се венчаат многу доцна и тешко е да се забремени“, рече Танг. „Мислам дека доцното стапување во брак дефинитивно ќе има влијание врз раѓањата“.

Кина со децении беше преокупирана со изгледите за неизбежен раст на населението и наметна строга политика на едно дете од 1980 до 2015 година за да ги контролира бројките.

Но сега Обединетите нации очекуваат дека населението на Кина ќе почне да се намалува од следната година, кога Индија најверојатно ќе стане најнаселената земја во светот.

Стапката на плодност во Кина од 1,16 во 2021 година беше под стандардот 2,1 на ОЕЦД за стабилно население и меѓу најниските во светот.

Проблемите со пандемијата на коронавирусот и строгите мерки на Кина за нејзино сузбивање можеби многу влијаеја врз желбата на многу луѓе да имаат деца, велат демографите.

Новите раѓања во Кина ќе паднат на рекордно ниско ниво оваа година, велат демографите, под 10 милиони, од минатогодишните 10,6 милиони - што веќе беше за 11,5% пониско од 2020 година.

Пекинг минатата година почна да им дозволува на паровите да имаат до три деца, а владата рече дека работи на постигнување „соодветна“ стапка на наталитет.

Стари луѓе, нови проблеми

За планерите, намалената популација предизвикува сосема нова група проблеми.

„Очекуваме стареењето на населението многу брзо да се зголеми. Ова е многу важна ситуација со која се соочува Кина, различна од пред 20 години“, рече Шен Џианфа, професор на Кинескиот универзитет во Хонг Конг.

Процентот на населението на возраст над 65 години сега е околу 13%, но се очекува нагло да се зголеми. Сѐ помалата работна сила се соочува со сѐ потешка нега на зголемениот број стари луѓе.

„Ќе биде многу голем за неколку години“, рече Шен за процентот на стари лица во популацијата. „Затоа земјата мора да се подготви за претстојното стареење.“

Вознемирена од изгледите за стареење на општеството, Кина се обидува да ги охрабри паровите да имаат повеќе деца со даночни олеснувања и парични средства, како и со подарежливо породилно отсуство, медицинско осигурување и субвенции за домување.

Но демографите велат дека тие мерки не се доволни. Тие ги наведуваат високите трошоци за образование, ниските плати и озлогласено долгото работно време, заедно со фрустрацијата поради ковид-мерките и целокупната состојба на економијата.

Клучен фактор се изгледите за работа за младите луѓе, рече Стјуарт Гител Бастен, професор на Универзитетот за наука и технологија во Хонг Конг.

„Зошто би имале повеќе бебиња кога луѓето што веќе ги имате не можат ни работа да добијат?“

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе