По иницијатива на Доналд Трамп

Додека научниците паничат за климата, Агенцијата за животна средина го враќа јагленот во Америка

Додека научниците сè попанично предупредуваат, администрацијата на Трамп во средата нареди целосен пресврт во борбата против климатските промени од времето на Обама, олеснувајќи ги ограничувањата на електраните на јаглен, за што Трамп вели дека ќе ја ревитализира американската индустрија за јаглен, која паѓа.

Додека шлемосаните рудари и пратениците во државите со јаглен ракоплескаат, шефот на американската Агенција за заштита на животната средина (ЕПА), Ендрју Вилер, потпиша мерка со која се поништува една од клучните иницијативи на претседателот Барак Обама за укинување на емисиите на фосилни горива. Оваа мерка им дава поголема слобода на државите при одлучувањето дали да бараат постројките да изведат ограничени надградби на продуктивноста.

Вилер рече дека очекува како резултат на тоа да се отворат повеќе електрани на јаглен. Но една држава, Њујорк, веднаш рече дека ќе оди на суд за да ја оспори акцијата, а можни се и други тужби, вели АП.

Потегот на ЕПА ги следи ветувањата на кандидатот, а потоа и претседател Доналд Трамп, дека ќе ја спаси американската индустрија на јаглен, од која минатата година беа затворени речиси рекорден број централи соочени со конкуренција од поветиниот природен гас и обновливите извори на енергија. Ова е најново и најголемо од десетиците регулаторни намалувања од администрацијата на Трамп, и покрај тоа што научниците предупредуваат дека светот мора да ги намали емисиите на фосилни горива за да го спречи најлошото глобално затоплување и и покрај анализата на самата ЕПА дека новата мерка ќе резултира со смрт на дополнителни 300 до 1.500 луѓе секоја година до 2030 година споредено со никогаш целосно донесениот План за чиста енергија, поради дополнителното загадување на воздухот од електричната мрежа.

„Американците сакаат сигурна енергија што можат да си ја купат“, рече Вилер на церемонијата на потпишување, со шефот на кабинетот на Белата куќа, Мик Малвејни.

Нема сомнеж дека „фосилните горива ќе продолжат да бидат важен дел од миксот“, рече Вилер.

Пратениците и претставниците на индустријата од државите со јаглен ја обвинуваа федералната регулатива, а не пазарот, за деценискиот тренд на намалување на употребата на јаглен во САД и велат дека актот од средата ќе го спречи понатамошното затворање на централи на јаглен.

„Ние не сме подготвени за обновлива енергија... па ни треба јаглен“, изјави Дејвид Меккинли, републиканец од Западна Вирџинија.

Но наместо разумен економски потег, претседателката на Домот Ненси Пелоси промената ја опиша како „валкана измама за покажување моќ“ и „неверојатен подарок за големите загадувачи“. Таа ги нарече климатските промени „егзистенцијалната закана на нашето време“ и рече дека администрацијата ги игнорира научните студии и им се покорува на посебни интереси.

Застапниците за заштита на животната средина и функционерите на ЕПА од ерата на Обама, кои го подготвувале сега укинатиот План за чиста енергија, велат дека одлуката на Трамп нема да направи многу за да ги намали емисиите што ја оштетуваат климата од централите на јаглен, во време кога анкетите покажуваат дека Американците сè повеќе му посветуваат внимание на глобалното затоплување .

„Не можам да се сетам на ниедно единствено правило што повеќе ќе ги поништи напорите да го направиме она што треба да го направиме за да одговориме на критичната закана од климатските промени“, рече Џо Гофман, кој помагал во подготвувањето на Планот за чиста енергија.

Согорувањетото фосилни горива за електрична енергија, транспорт и греење е главниот човечки извор на јаглеродните емисии што ја задржуваат топлината.

Трамп ги негира научните предупредувања за климатските промени, меѓу кои и еден злокобен извештај оваа година од научниците од над десетина федерални агенции, кој истакнува дека глобалното затоплување од фосилните горива „претставува зголемен предизвик за човековото здравје и квалитетот на животот“. Претставниците на администрацијата тврдат дека климатската наука е несовршена и дека не е јасно дали климатските промени ќе имаат толку големо влијание колку што се предвидува.

Демократите ветија дека борбата против климатските промени ќе ја направат главно прашање во претседателската трка. Тие го осудија актот од средата.

Претседателската кандидатка Елизабет Ворен повика на широка акција за намалување на емисиите, велејќи дека „климатската криза ја загрозува нашата земја, нашето здравје, нашата економија и нашата национална безбедност“.

Јавната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс, брзо објави дека нејзината држава ќе тужи, што е прв знак дека ќе следуваат и други тужби од групите за заштита на животната средина.

Вилер по потпишувањето им изјави на новинарите дека очекува како резултат на ова да се отворат нови фабрики за јаглен.

„Го изедначуваме полето на игра“ во однос на прописите за различни извори на енергија „за да отвориме пат за инвестиции“, рече тој. „Се обидуваме да се зафатиме со климатските промени, но тоа го правиме во рамките на моќта што ја имаме.“

Администрацијата на Трамп, исто така, предлага да се поништи правилото за километража од времето на Обама, кое бара построги стандарди за километражата за автомобили и лесни камиони. Групите за заштита на животната средина и таму ветуваат тужби.

Анализата на Асошиејтед прес на федералните податоци за воздухот покажа дека напредокот на САД во чистењето на воздухот веројатно стагнира по неколкудецениското подобрување. И покрај постојаните лажни тврдења на Трамп дека воздухот во Америка сега е почист од кога било, минатата година и годината пред неа во просек имало 15% повеќе денови со нездрав воздух во просек од 2013 до 2016 година, четирите години кога Америка имала најмал број такви денови уште од 1980 година.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе