До 2050 година 16 отсто од луѓето би можеле да бидат предебели

Ако продолжат сегашните нездрави трендови на исхрана, повеќе од четири милијарди луѓе би можеле до 2050 година да имаат прекумерна телесна тежина, од што 1,5 милијарди би пателе од предебелост, покажува ново истражување.

EPA-EFE

Предупредувајќи на здравствена криза од незамисливи размери експертите од Институтот за истражување на влијанието на климатските промени во Потсдам велат дека побарувачката по храна би можела да порасне 50 отсто до средината на векот и да ги надмине капацитетите на Земјата за одржлива природа.

Производството на храна уште сега „вшмукува“ до три четвртини од резервите на свежа вода во светот и троши третина од тлото и е одговорна за третина од емисијата на гасови со ефект на стаклена градина.

Давајќи преглед на промените на прехранбените навики во светот од 1965 до 2100 научниците користеле отворен модел за да предвидат како побарувачката по храна ќе реагира на растот на населението, стареењето, растечкиот индекс на телесна маса, падот на телесната активност и зголеменото фрлање храна.

Утврдиле дека со непроменето однесување, над 4 милијарди луѓе или 45 отсто од населението до 2050 година ќе имаат прекумерна телесна тежина. Според тој модел 16 отсто ќе бидат предебели во споредба со сегашните девет отсто меѓу 29 отсто од населението со прекумерна телесна тежина.

„Сè поголемото фрлање храна и порастот на побарувачката на протеини од животинско потекло значи дека влијанието на околината на нашето земјоделство ќе избега од контрола“, вели Бенџамин Бодирски, лидер на истражувањето чии резултати се објавени во магазинот Нејчр сајентифик рипортс.

Без оглед на тоа дали станува збор за гасови со ефект на стаклена градина, загадување со азот или уништување на шумите – доаѓаме до границите на нашата планета или сме ги надминале“.

Иако трендовите се разликуваат од регион до регион истражувањата заклучуваат дека глобалните прехранбени навики се оддалечуваат од исхраната заснована на растителни намирници кон исхрана богата со шеќери, маснотии, храна од животинско потекло во која се истакнува индустриски преработената храна.

Истовремено со истражувањето е утврдено дека со сè поголемата нееднаквост во фрлањето на храната која се произведува, но не се троши поради тоа што нема каде да се чува или се претерува во купувањето намирници, околу половина милијарда луѓе во светот до средината на векот сè уште ќе бидат потхранети.

„На светот има доволно храна – проблемот е што најсиромашните во светот немаат пари да ја купуваат“, вели коавторот на истражувањето Праџал Прадхан.

„А во богатите земји луѓето не ги чувствуваат економските последици и последиците по околината од фрлањето храна“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе