Во годината на свињата

Диви свињи ги окупираа улиците на Хонг Конг (ВИДЕО)

Австралијката Лиз Волш, нејзиниот сопруг и нивните близначки во мај минатата година се доселиле во луксузен кварт во Хонг Конг. Пред неколку дена семејството наишло на три необични соседи. Станува збор за диви свињи кои во Хонг Конг не се ретка глетка. Вепари редовно талкаат по патиштата, спијат по паркови и се дружат на локалните игралишта.

„Тие се питоми и пријателскји расположени“, вели Велш, и додава дека секогаш будно ги следи кога е со близначките, пишува Си-ен-ен.

Според одделот за земјоделство, риболов и конзервација во последните пет години се удвоил бројот на жалби на диви свињи. Неодамна талкале меѓу авионите на меѓународниот аеродтом во Хонг Конг и опустошиле трговски центар.

Хонг Конг е познат по урбаните области и високите згради. Парковите и природните резервати сочинуваат 40 отсто од територијата. Бидејќи е кратка одалеченоста од „бетонската џунгла“ до суптропската прашума, не е невообичаено змиите, мајмуните и бодликавите прасиња да се забележат во неселнитете области.

Во минатиот век во регионот на Хонг Конг можеле да се видат и тигри. Но, откако изумреле, најголемото диво животно кое таму се наоѓа е дивата свиња. Со време дивите свињи престанале да се плашат од луѓето.

Од 2014 година се забележани само 10 случи во кои диви свињи повредиле луѓе. Но, половина од тие инциденти се случиле минатата година.

Свињите имаат остри заби. Големите мажјаци се „опремени“ со опасни бивни. Директорот на универзитетот во Хонг Конг Хауард Вонг наведува дека животните „генерално не се опасни“. Тој додава дека животните реагираат на провоцирање и им советува на луѓето да избегнуваат мајки со малечки.

Најголемиот мамец за вепарите е кантата за ѓубре. Вонг вели дека свињите се едни од најпаметните животни. „Кога ќе сфатат дека нешто функционира, ќе продолжат да го прават тоа“, додава. Минатата година снимка од голем вепар како копа во контејнер во Хонг Конг стана хит на социјалните мрежи.

Една од причините зошто дивите свињи престојуваат во населени подрачја е затоа што има луѓе што ги хранат.

На владата ѝ е предложено дивите свињи да се вратат во дивината. Исто така, се размислува за можноста за префрлање на дивите свињи на ненаселени острови, но тоа не е практично бидејќи се добри пливачи. Се разговарало и за нивно убивање. До 2017 беше дозволено да се пука во дивите свињи. Поради грижата за животните и јавната безбедност нивното убивање е забрането.

Наместо тоа, одделот за земјоделство, риболов и конзервација почна програма за фаќање на проблематичните свињи кои потоа се преместуваат на одалечени места.

Некои од свињите се со микрочипови, останатите добиваат ГПС околувратник. На зрелите женки им се вбризгува средство за контрацепција кое трае пет години, а се истражува и можноста за хируршка стерилизација. Има и истражување за контејнери отпорни на свињи.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе