Дипломатската војна меѓу Париз и Рим

Француската влада вчера го повлече својот амбасадор во Италија, во дипломатски конфликт меѓу соседите и сојузници во Европската Унија, по она што го опиша како „повторувани, неосновани“ напади на италијанските политички лидери врз Франција.

Прво повлекување на француски емисар во Рим од Втората светска војна, објави Министерството за надворешни работи.

Дипломатски извори рекоа дека Париз реагирал по низа навреди од Италија, а капката што ја прелеала чашата била одлуката на заменик-премиерот Луиџи ди Мајо оваа недела да се сретне со француските „жолти елеци“, кои со месеци протестираат против претседателот Емануел Макрон. „Франција со месеци е цел на повторени, неосновани напади и нечуени изјави“, се вели во соопштението на министерството. „Да се имаат несогласувања е една работа, но манипулирањето со односите за изборни цели е нешто друго“, се додава во соопштението. 

Ди Мајо, лидер на Движењето пет ѕвездички, кое е во владејачката коалиција со екстремно десничарската Северна лига, ја брани средбата со демонстрантите и ја нагласува разликата помеѓу Макрон и францускиот народ.

„Францускиот народ е наш пријател и сојузник. Претседателот Макрон постојано ѝ се втура на италијанската влада од политички причини и поради европските избори“, рече Ди Мајо, мислејќи на изборите за Европскиот парламент во мај.

Односите меѓу Италија и Франција, традиционално блиски сојузници, се сè позатегнати уште од средината на 2018 година, додека Ди Мајо и вториот заменик-премиер Матео Салвини, лидерот на Северна лига, ги напаѓаат Макрон и Франција, главно поради несогласувањата околу политиката за мигрантите.

Макрон повремено реагира, критикувајќи ја Италија минатиот јуни за одбивањето да прими брод со имигранти спасени во Средоземно Море, како и на јавните финансии на Рим.

Сепак, тензиите се влошија изминатава недела. Ди Мајо минатиот месец ја обвини Франција за поттикнување на сиромаштијата во Африка и ја нарече неоколонијална сила.

Салвини ја обвини Франција дека ги користи немирите во Либија за да обезбеди пристап до либиската нафта. Тој, исто така, рече дека партијата на Макрон ќе загуби на изборите за ЕП во мај.

За време на посетата на Египет минатиот месец, Макрон се обиде да го минимизира судирот, велејќи дека коментарите на Салвини и на Ди Мајо се „безначајни“ и дека тој соработува само со премиерот Џузепе Конте.

Ројтерс вели дека Салвини вчера се обидел да го ублажи тонот, велејќи дека не сака да се кара со Франција и дека ќе се состане со Макрон.

Тој, сепак, додаде дека Франција треба да реши три прашања: својата политика на враќање на имигрантите во Италија, повремените гранични контроли на својата граница и случајот со околу 15 италијански левичари што најдоа прибежиште во Франција во последните децении.

Иако ретка, постапката на Франција не е без преседан меѓу членките на ЕУ. Во 2016 година Грција го отповика својот амбасадор во Австрија, а Унгарија го повлече својот претставник во Холандија во 2017 година.

Би било добро роднините да не бидат жртви и да има повеќе повици кон роднините – функционери.

повеќе

Oд човекот кој успеа со сосема нова партија да го наруши целовековниот монопол на ПАСОК и Неа демократиа на грчката политичката сцена, може да се очекува буквално сѐ.

повеќе

Останува да видиме дали овој состав на Судот, кој дефинитивно е кадровски и професионално најслаб во досегашната наша државно-правна историја по осамостојувањето, ќе смогне сили за конечно да го пресече Гордиевиот јазол околу вака шверцуваната двојазичност.

повеќе