Десничарите во Романија сакаат да донесат анти-ЛГБТ закон, го предлагаат унгарски партии

И во Романија се појави иницијатива за закон со кој би се забранила „хомосексуална пропаганда“. За тоа се залагаат десничарските партии, но иницијативата ја дале партиите на Унгарците во таа земја. Ова е тест за владата, пишува Дојче веле.

EPA-EFE

Голем број Романци не знаат што значи кратенката ЛГБТ бидејќи прашањето на родовиот идентитет во таа земја во изминатите години едвај беше тема во јавноста. Есента 2018 беше одржан референдум против истополовите брачни заедници кој го поттикна Романската православна црква, но и покрај големото залагање за мобилизирање на верниците референдумот неславно пропадна бидејќи се одзваа само 21 отсто од граѓаните на земјата.

Сега повторно прашањето на родовиот идентитет на граѓаните се претвора во тест за инаку проевропската влада на Романија. Овој пат темата ја поттикнаа две десничарски партии на Унгарците во Романија: Унгарската народна партија на Трансилванија (ППМТ) и Унгарската граѓанска партија (МПП). Тие се залагаат за закон сличен на оној во Унгарија, против „ЛГБТ идеологијата“ и „хомосексуалната пропаганда“ и за заштита на „чистото семејство“.

Иницијативата и во Романија да се воведе таков „Орбанов закон“ против лицата со поинаква полова ориентација во романскиот парламент ја изнесе пратеникот на ППМТ Золтан Закариас, и така целата иницијатива стана политички чувствително прашање. Бидејќи пратеникот на ППМТ во парламентот влезе на листата на здружената Демократска задруга на Унгарците во Романија (УДМР), која од крајот на минатата година е во либералната коалициска влада на Романија.

Но политикологот Кристијан Привулеску предупредува дека и оваа партија на романските Унгарци системски се менува – меѓу другото и под влијание на Орбан и политиката на Будимпешта. Таа претходно се залагаше за интеграција на Унгарците од Трансилванија во мултикултурната и мултиетничка заедница на таа покраина на северот на Романија. Но „сега ја застапува идејата на етничка и културна Голема Унгарија“, тврди романскиот аналитичар.

Демократската задруга на Унгарците во Романија сè уште не се изјаснила за иницијативата за закон против хомосексуалната пропаганда, туку даде до знаење дека за тоа ќе се изјасни на есен, кога предлог законот ќе влезе во парламентот по летната пауза. Но УДМР веќе покажа дека ја заговара борбата на Орбан против хомосексуалност. Унгарија подготвува референдум за контроверзниот закон, а многу Унгарци од Трансилванија имаат унгарско државјанство па Задругата ги повика да излезат на овој референдум следниот јануари и да го поддржат законот на Орбан.

Привулеску потсетува дека во самата Унгарија следната година има избори: „За Орбан е исклучително важно да ги добие гласовите на Унгарците од Трансилванија. Тие се, сепак, конзервативни, но не се против Европа. Затоа се обидува да ги мобилизира со темата за ЛГБТ популацијата која го дели општеството и со која полесно може да се добијат гласовите“.

Целиот случај станува политички уште почувствителен бидејќи иницијативата на законот против хомосексуалната пропаганда го поддржува и романскиот екстремно десен Сојуз за обединување на Романија (АУР) на Георге Симион кој со 10 отсто освоени гласови е застапен и во парламентот. Тој сојуз е познат по исклучително агресивниот став кон сите национални малцинства во Романија, особено против романските Унгарци, иако Симион еден романски портал го нарекува „романскиот Орбан“. Но кога станува збор за родовото определување, тогаш конзервативците од двете страни очигледно нашле заедничка точка.

За правникот Петер Екстајн Ковач лош е самиот факт што „на мала врата“ таквите идеи воопшто дошле во редовите на романската влада. „Тука станува збор во Романија, која досега недвосмислено беше за Европа, да се воведе антиевропски сојуз близок до Кремљ“.

Екстајн Ковач и самиот е со унгарско потекло и долго време бил член на УДМР, но е огорчен од сегашната политика на задругата на Унгарците во Романија. Оди толку далеку што Унгарците од Трансилванија ги споредува со етничките Германци кои на Хитлер му послужиле како петта колона во окупацијата на Романија. „Гледам дека Унгарците во Трансилванија исто така дојдоа до таа точка. Чувството за Трансилванија како нивна татковина се претвора во колнење на крвно сродство на сите Унгарци и Унгарија како нивна татковина. Тоа го сметам за исклучително опасно“.

А се покажа и дека и Романците не се баш нечувствителни на прашањето на родовата ориентација. Во рамки на насоките на Европската Унија романскиот министер за внатрешни работи неодамна ја претстави новата лична карта на таа земја каде недвосмислената ознака за полот (Sex) е заменета со ознаката Gen, односно Gender, која дозволува и алтернативни идентитети. Но по силното бунење на Црквата и националистите, на што се придружија и некои политичари од владејачката коалиција, предлогот за измена на личните карти е повлечен.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе