6 јуни 1944

Денот што го смени светот

Взори на шестиот ден на јуни 1944 година почна најголемата поморска инвазија во историјата.

Стотици илјади британски и американски војници, армијата на слободна Франција, како и илјадници припадници на други народи и нации тоа утро јуришаа на добро утврдените германски позиции на плажите на Нормандија.

Почна Денот Д. Тоа всушност беше почеток на операцијата „Господар“ (Overlord), но токму истоварувањето во Нормандија тоа утро, познато како Ден Д, беше и остана најпознатиот дел од таа историска битка што го отвори западното бојно поле на европското копно. По Денот Д неколку нешта беа јасни: дека војната до крај ќе биде немилосрдна, но дека поразот на Германија е неизбежен.

Се разбира, тоа утро сè уште сè беше неизвесно. Планирањето на она што ќе стане најголемата поморска инвазија во историјата почна уште во 1943 година. Секако, сè беше планирано во тајност, а сојузничките шпиони се погрижија германскиот воен естаблишмент да го наведат на погрешна трага.

На планираниот ден од операцијата времето беше далеку од идеално, така што сè беше одложено за 24 часа. Времето пак не беше совршено, но операцијата мораше да се изврши. Секое понатамошно одложување ќе беше предолго поради месечевите мени и промената на плимата и осеката. А јасно е дека одложувањето за неколку дена ќе го зголемеше ризикот Германците да дознаат сè, а со исчезнувањето на факторот на изненадување, шансите за успех ќе беа значително намалени. Хитлер знаел дека сојузниците планираат нешто, но не знаел кога или каде. За командант на германските сили на запад го назначи Ервин Ромел, генералот што го доби прекарот Пустинска Лисица поради неговите успешни операции во Северна Африка.

Сојузничките слетувања почнаа на 6.6. во 6:30 часот. Осумдесеткилометарското крајбрежје во Нормандија беше поделено на пет сектори: Јута, Омаха, Голд, Џуно и Сорд. Дуваше силен ветер, и штом се приближија кон брегот, бродовите се најдоа под силен митралески оган.

Сојузниците всушност на првиот ден од операцијата не направија ништо од она што го замислија. Сепак, тие ја направија најважната работа - се истоварија и создадоа силно упориште, доволно силно за Германците да не можат да ги избркаат. Тоа беше доволно за добар почеток. Германците имаа меѓу 4.000 и 9.000 мртви. Од страната на сојузниците загинаа најмалку 10.000 луѓе.

Во истоварувањето во Нормандија учествуваа околу 5.000 брода, а само на Денот Д на плажите се истоварија околу 160.000 сојузнички војници. Ним до крајот на јуни ќе им се придружат уште 875.000 луѓе. До 12 јуни сојузниците ќе ослободат простор со должина од 97 километри, кој се протега 25 километри во внатрешноста.

Иако имаше голем број поголеми битки во светската историја, дури и во самата Втора светска војна, 6 јуни 1944 година беше денот што го смени светот. На тој ден конечно беше отворено западното бојно поле, кое ќе симне значителен товар од плеќите на Црвената армија, која во борбите од 1941 година загуби милиони луѓе.

Денот Д дополнително го популаризираа голем број филмови и компјутерски игри. Најпознат секако е „Спасувајќи го војникот Рајан“ од 1998 година. Самиот термин „Ден Д“ влезе во секојдневниот говор како фраза што означува важен ден во нечиј живот.

Уште една година по ова истоварување траеше Втората светска војна. Германскиот отпор беше жесток, но победата на сојузниците и пропаста на нацизмот по Денот Д беа само прашање на време.

Објавено

Сабота, Јуни 6, 2020 - 18:30

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе