Србија го прослави новиот национален празник

Демонстрација на воената моќ на Србија на денот на знамето (ВИДЕО)

Србија во средата го прослави новиот национален празник со покажување на воената моќ и повик до сите Срби на Балканот да се обединат под едно знаме, што предизвика негодување и загриженост на соседите, пишува американската агенција Асошиејтед прес.

EPA-EFE

Србите беа повикани да го истакнат државното знаме каде и да живеат во регионот или во светот за да го одбележат Денот на српското единство, слободата и националното знаме. Празникот минатата година заедно го прогласија Србија и Република Српска, во знак на одбележувањето на пробивот на Солунскиот фронт пред 103 години, по кој набрзо заврши Првата светска војна.

АП пренесува дека на отворањето на целодневната низа церемонии на одбележување на празникот, претседателот на Србија Александар Вучиќ ја посети поставка на воена опрема на белградско Ушќе, кажувајќи дека Србија е спремна да одговори на надворешните закани. Вучиќ кажа дека војската сега е многу посилна отколку пред пет години и најави нови набавки на системи „панцир“ и противоклопни ракети „конкурс“ од Русија.

„Ова не можевме да го сонуваме пред неколку години. Ангела Меркел во понеделникот ја дочекаа шест авиони МиГ-29 во воздухот, седмиот беше во придружба, а вкупно имаме 14 такви авиони. Денес имаме најмалку 25 хеликоптери повеќе отколку пред неколку години, а за ловци и бомбардери да не зборувам. Кога ќе ги вброиме и средствата за противвоздушна одбрана, тоа е неспоредливо со тоа какви бевме некогаш“, кажа Вучиќ.

Демонстрацијата на моќта и повиците на српските функционери за креирање „српски свет“ и политичко обединување на 1,3 милиони Срби кои живеат во БиХ, Црна Гора, Хрватска и на Косово предизвика негодување кај околните земји, пишува американската агенција.

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ изјави дека не може да верува дека „Србите немаат што поважно и попаметно да прават“ од воведување празник кој „навлегува во внатрешните политики на други држави“.

Милановиќ ги советуваше Хрватите да не реагираат на повиците за истакнување на српските знамиња, истакнувајќи дека српскиот претседател живее од конфронтации. „Верувам дека од секој од нас очекува да реагираме со реципрочна мерка, а потоа би имале нешто од што Вучиќ ќе живее 20 или 30 години“, кажа Милановиќ.

И хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го оцени повикот до Србите во регионот да го истакнат знамето како провокација.

„Таквите акции немаат друга смисла освен провокација“, им кажа Пленковиќ на новинарите во Загреб. Тој оцени дека лузните на режимот на Слободан Милошевиќ во регионот „сè уште живеат“ и дека ваквите пораки „имаат за цел предизвикување негативен ефект“.

Пленковиќ оцени дека Хрватска покажала зрелост и дека не наседнува на провокации.

Хрватскиот премиер го поздрави „јасниот и артикулиран став на претседателот на Српскиот народен совет (СНВ) и пратеник на Самостојната демократска српска партија (СНСД) Милорад Пуповац и потпретседателот на хрватската влада и пратеник на СНСД Борис Милошевиќ“ за тоа прашање, истакнувајќи дека за Хрватска „таа приказна е апсолвирана“.

Пуповац во вторникот кажа дека ќе „направи сè за празникот на ниеден начин да не ги наруши односите во Хрватска, како ни односите на Хрватска и Србија“. Тој истакна дека Хрватска има со закон пропишани правила за користењето на знамињата на други земји кое е ограничено во официјални или други цели и дека Србите во Хрватска треба да ги почитуваат. Објасни дека српското малцинство во Хрватска има свое официјално знаме, тробојка без грбот, кое, како и хрватското знаме и знамето на ЕУ, постојано е во просториите на СНВ.

Радиотелевизијата на Република Српска објави дека граѓаните во бројни општини низ РС го истакнале српското знаме.

Членот на Претседателството на БиХ Милорад Додик кажа дека Денот на српското единство не е насочен против останатите народи во БиХ.

„Овој ден заслужува достоинство. Ова не е насочено против другите народи во БиХ. Спремен сум тоа да го докажам на секој начин. Според Дејтон, правото на образување им припаѓа на ентитетите и кантоните“, кажа Додик.

Коментирајќи го повикот на истакнување на српското знаме Денис Беќировиќ, пратеник во парламентот на БиХ, кажа за АП дека Вучиќ „го обновува проектот на Голема Србија“ поддржувајќи ги сецесионистичките политики на босанските Срби.

„За жал, експанзионистичките сили во Србија имаат потенцијал повторно да го запалат регионот“, кажа Беќировиќ. „Западот мора да го сопре демонот на голема Србија пред да биде предоцна“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе