Делови од светот стануваат претопли за живот на луѓето

Силен топлотен бран уби повеќе од 100 луѓе во Индија летоска, а се предвидува дека состојбата ќе биде уште полоша во годините пред нас.

Со тоа се создаваат услови за претстојна хуманитарна криза во големи делови од таа земја кои можат да станат претопли за луѓето.

Топлотните бранови во Индија обично се случуваат од март до јули и престануваат со сезоната на монсуните. Но во последните години топлотните бранови се сѐ посилни, почести и подолги.

Индија така станува една од земјите за кои се очекува дека ќе бидат најпогодени од влијанието на климатските промени. Така барем е пријавено во извештајот на Меѓувладиниот панел за климатските промени.

Експертите од американски МИТ, пак, велат дека дури и ако светот успее во намалувањето на емисиите на штетни гасови и со тоа го смени порастот на температурите, делови од Индија во секој случај ќе станат толку топли што ќе ги тестираат границите на човечката издржливост.

„Иднината на топлотните бранови е сѐ полоша дури и со значителен напредок, а уште полоша без напредок“, вели Елиат Елтахир, професор по хидрологија и климатологија на МИТ.

Индиската влада прогласува топлотен бран кога темпера кога температурите ќе се качат најмалку за 4,5 Целзиусови степени над нормалните нивоа во одреден регион и кога таквата состојба трае најмалку два дена.

топлотниот бран станува сериозен кога температурите ќе се качат над 6,4 Целзиусови степени над нормалната во период од најмалку два дена.

Прагот за топлотните бранови поради тоа во целата земја е различен. Во Њу Делхи топлотен бран се прогласува кога температурите два дена по ред се најмалку 45 Целсиусови степени.

Минатата година во таа земја беа прогласени 484 топлотни бранови, што е голема промена во однос на 2010 година кога биле прогласени 21.

Во јуни во Њу Делхи беа измерени 48 Целзиусови степени, што е најголемата температура зебележана во тој месец. На западот на Индија беа измерени 50,6 степени.

Ситуацијата не е таква само во Индија. Во бројни земји низ светот луѓето се соочуваат со топлотни бранови, од Шпанија преку Кина и Непал до Зимбабве.

Научниците на МИТ, пак, ја провериле можноста за продолжување на животот на луѓето во јужна Азија, и проучиле две можни сценарија.

Едното е пораст на глобалните температури за 4,5 Целзиусови степени до крајот на векот, а дрогото е пораст од 2,25 степени.

Според пооптимистичниот модел, ниеден дел од југот на Азија нема да биде непогоден за живот на луѓето.

Но, според второто сценарио, со пораст од температурите од 4,5 Целзиусови степени, неколку локации на североистокот на Индија и неколку во Бангладеш не би биле погодни за живот на луѓето.

Блиску до таа граница би дошла и југоисточна Азија, вклучувајќи го северот на Шри Ланка и делови од Пакистан.

Проценката е направена комбинирајќи го нивото на влажноста на воздухот и надворешната температура.

Кога според таа комбинација се добива температура од 35 Целзиусови степени, на луѓето им станува невозможно да се ладат преку пот, со што доаѓаме до температура при која човечкиот опстанок е невозможен.

Неколку часа во такви услови предизвикува смрт дури и на оние кои се во најдобра физичка кондиција.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе