„Нула баратели на азил е целта на властите“

Данска ги протерува азилантите во Дамаск

Нула баратели на азил – тоа е целта на данските власти. Се зголемува бројот на депортации, дури и во главниот град на Сирија, а Данска е единствената европска земја што го прави тоа. Тоа колку се интегрирани во општеството не игра никаква улога, пишува Дојче веле.

EPA-EFE

Од летото минатата година, откако данските власти сириската престолнина повторно ја класификуваа како безбедна, дозволите за престој за неколку стотици Сиријци од тој регион се повлечени или не се обновени.

„Иако војната не е завршена ни заборавена, данските власти веруваат дека условите во Дамаск се доволно добри за сега таму да може да се испратат сириските бегалци“, објасни Шарлоте Сленте, генералната секретарка на Данската помош за бегалци (ДРЦ). Данска е единствената земја во Европа која тоа така го гледа.

Сленте смета дека одлуката е неодговорна, а сириските бегалци се „под ризик од сериозни напади и прогони“ во нивната татковина. „Фактот што во Дамаск нема борби не го прави градот безбедно место за враќање на бегалците“, кажа таа.

За амбасадата не е безбедно, за повратниците е?

Данската бегалска политика наиде на неразбирање не само кај организациите за заштита на човековите права како ДРЦ или Амнести интернешнал. Протестираат и левичарските партии во парламентот, со кои малцинската влада на социјалдемократите околу премиерката Мете Фредриксен соработува во многу области.

„Бесчувствителна и бесмислена“ – така одлуката ја нарекува Кристијан Хегард од Радикалната левица. Тој на Фејсбук напиша: „Како Данска може да ја гледа Сирија како безбедна земја? Данска таму ја затвори својата амбасада поради небезбедната ситуација“.

Аргументот на левичарските парти е дека поради тоа што Данска не соработува со режимот на Башар ал Асад, депортациите и онака не можат да се спроведат. Поради тоа Сиријците кои повеќе немаат дозвола за престој и заминуваат доброволно, завршуваат во некој од „центрите за заминување од Данска“.

„Таму можат да бидат со години и да излудат додека чекаат ситуацијата во Сирија да се смени“, вели Хегард и бара: „Пуштете ги да работат и да се школуваат. Тоа е многу покорисно за Данска“.

Политиката на побрзо протерување на бегалците се заснова на промената на законот од 2019. Социјалдемократите, заедно со десничарските популисти, се сложија дозволи за престој да се издаваат само на ограничен период. Штом тоа го дозволи ситуацијата во земјите на потекло на бегалците – дозволите за престој треба да им се укинат или да не се продолжуваат.

Долгорочната цел на премиерката Мете Фредериксен, која води левичарска социјална политика, но оди сосема десно кога станува збор за емиграцијата и азилот, е барателите на азил повеќе воопшто да не влегуваат во Данска. На бегалците кои доборовлно ја напуштаат земјата им се нуди финансиска поддршка.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе