По нападот врз Саудиска Арабија

Дали сега САД ќе го нападнат Иран? Еве ги опциите

Сите очи се свртени кон САД, односно кон нивната реакција на нападот врз саудиската нафтена установа. Деталите за нападот покажуваат дека тој бил мошне софистициран.

Саудиска Арабија, најголемиот светски производител и извозник на нафта, го преполови своето секојдневно производство по катастрофалниот напад на беспилотни летала врз нафтените постројки.

Одговорноста за нападот ја презедоа јеменските бунтовници хути, кои веќе ја напаѓаа Саудиска Арабија и веќе четири години се во војна со јеменската меѓународно признаена влада, која добива воена помош токму од Саудиска Арабија. Воената интервенција на Саудиска Арабија и поморската блокада предизвикаа хуманитарна катастрофа во земјата, при што има десетици илјади загинати, а милиони цивили се изложени на ризик од глад и болести.

Од друга страна, Соединетите Држави и Саудијците веќе долго време го обвинуваат Иран дека им обезбедува оружје и обука на своите шиитски сојузници хути, што Иран го негира. Властите на земјата, исто така, го негираат обвинението на државниот секретар на САД, Мајк Помпео, дека „Иран лансираше досега невиден напад врз снабдувањето со енергија“.

Помпео исто така тврди и дека нема докази дека нападот дошол од Јемен. Иран, се разбира, ја има технологијата да изврши ваков напад. Веќе видовме дека Иран извршува напади од ваков вид, пишува аналитичарката за национална безбедност Ребека Грант во колумна за Фокс њуз и додава „Тој низ годините добиваше помош од Русија и Кина“.

Нападот во саботата беше втор ваков напад врз саудиската нафтена компанија Сауди Арамко. 20 беспилотни летала ја погодија фабриката за природен гас Шејбах на 17 август и предизвикаа пожар.

Израел на 25 август превентивно нападна иранска база на дронови во Сирија, а уште во 2017 година американските пилоти во Ф-15 соборија ирански беспилотни летала над Сирија додека се обидуваа да ги бомбардираат американските сили стационирани во земјата заедно со локалните сојузнички борци.

Во секој случај, нападот врз Сауди Арамко е најголемиот досега и е значајна ескалација на досегашниот конфликт со последици на меѓународната сцена.

За сериозноста на нападот сведочи и фактот дека 17 цели биле прецизно погодени, за што била потребна досега невидена софистицираност во надгледувањето и планирањето.

Сауди Арамко веќе долго време се занимава со нафта, така што прелиминарното пребарување на локации за координати на метите не би било тешко. Сепак, прецизноста на овој напад укажува на помош од понапредни држави. Русија и Кина во одреден момент лесно би можеле да ја дадат, а Иран би можел да користи и беспилотни летала за утврдување на координатите.

Нападот врз Сауди Арамко покажува и дека Иран може да погоди други цели низ целиот регион. Аеродромот во Дубаи, новата нуклеарна централа што е во изградба во Обединетите Арапски Емирати и други саудиски нафтени објекти би можеле да станат цел на иранските беспилотни летала и крстосувачки ракети.

Американските воени лидери сега сигурно ќе ги разгледаат сите опции за напад врз Иран. Тоа им е работа. Потоа ќе ги претстават пред претседателот Трамп.

Напади врз база на дронови би биле една опција, како и ограничен напад врз иранските нафтени постројки, како нападите на американската морнарица во 1988 година на иранската нафтена опрема и морнарички бродови.

Нападот од кој било вид би бил ограничен и пропорционален. Пред сè, нападот би бил извршен само во договор со Саудиска Арабија и другите сојузници - особено Велика Британија, Австралија и Бахреин, земјите што се дел од операцијата Сентинел, поморските сили што ги штитат бродовите во Персискиот Залив.

Поентата е дека Русија, Кина и други можеле да му продадат на Иран напредна ракетна технологија. А тие го поддржуваа Иран додека претседателот Хасан Рохани дава нуклеарни уцени и одбива да разговара.

Трамп не мора да брза во акција, пишува Грант. Тој веќе докажа дека е мошне претпазлив во врска со воените интервенции и дека претпочита преговори пред напади. А голем дел од тоа сè уште зависи од тоа што ќе одлучи Саудиска Арабија.

Резерви од 700 милиони барели нафта се складирани во Тексас и Луизијана, а Трамп најави дека го одобрил користењето на тие резерви, давајќи им на САД доволно време да одлучат за потенцијален напад.

„Притисокот сега е врз Обединетите нации“, пишува американската аналитичарка. „Генералното собрание на ООН, кое утре заседава во Њујорк, треба да се позанимава со однесувањето на Иран. На крајот на краиштата, ООН стои зад иранскиот нуклеарен договор. ООН управуваат и со Меѓународната агенција за атомска енергија, која веќе ги потврди прекршувањата на договорот од страна на Иран“.

Едно е сигурно: Иран никогаш не смее да стекне нуклеарно оружје, завршува Грант.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе