Дали се крчка нова блискоисточна војна?

Кои се импликациите од судирот меѓу Израел-Иран-Сирија во саботата?

Додека земјите во од целиот свет во саботата се бореа на мраз и на снежни падини, други земји се бореа во воздух, со потенцијално огромни импликации. Израел соопшти дека уништил ирански дрон што влегол во неговиот воздушен простор од Сирија (Иран го оспорува ова), а потоа неговите авиони влегоа во Сирија и ја нападнаа базата од каде што мислеа дека бил испратен дронот.

Сирија собори еден од израелските Ф-16, на што Израел одговори со напад врз десетина локации во Сирија, што наводно е најголем напад врз сириската воздушна одбрана во последниве 35 години.

Според ЛА тајмс, ова е првиот познат напад на Израел врз Иран.

Историски гледано: пристапот на Израел кон сириската војна во голема мера беше од дистанца, а Вашингтон пост смета дека она што се случи овој викенд е показател дека можеби тој ќе се вклучи пожестоко.

Израел и Сирија делат граница, но не и сојузници - Израел има проблеми со Иран и со либански Хезболах, како и со режимот на Асад, но досега главно остана неангажиран, со исклучок на мали воздушни напади против оружените инсталации на Хезболах во Сирија.

Но додека седумгодишната војна се приближува кон својот крај, Израел почна да се „костреши“ зашто смета дека Иран се стреми да воспостави воени бази во Сирија.

Што е сменето: ИСИС, на пример, вели Пост. „Силите поддржани од САД и од Русија имаат заеднички непријател“ во ИСИС, која е поразена во земјата. Но наместо температурата да се спушта, се загреваат нови конфликти.

„Турција, на пример, неодамна почна офанзива против курдските борци на северот на Сирија, со што им се противи на САД, кои станаа сојузници со некои курдски сили за да ја победат Исламска држава“.

Веројатноста дека ситуацијата ќе ескалира: Волстрит џурнал гледа потенцијал за „отворање уште еден фронт во Сирија, која е разурната од војната“. Тој забележува дека последниот пат кога Израел загубил авион бил пред повеќе од три децении. Израелската „силна реакција илустрира како спротивставените цели на Иран и Израел би можеле да доведат до војна помеѓу двете земји на Блискиот Исток - додека Техеран го зголемува своето воено присуство во Сирија, потег за кој Израел предупреди дека нема да го дозволи“.

Израелската воздушна сила: Њујорк тајмс го карактеризира соборувањето на Ф-16 (според ЛА тајмс, од шрапнел, а не од директен удар) како „најголемо саботно изненадување“ за Израел. Додека Башар ал-Асад станува сè посилен, тој во изминатата година беше и сè поспремен и поагресивен во користењето противавионски ракети против израелските упади во сирискиот воздушен простор. По толку многу децении „без гребаница“, Израел доби углед на навидум недопирлив во воздухот. Веќе не.

Македонија не е само наслов. Таа е стратегиски партнер во еден регион во кој на САД им се потребни пријатели. Таа копнее за членство во НАТО, а нејзините млади луѓе ја прифаќаат американската култура - музиката, бургер кингот и англискиот јазик - како своја, вели Рејчел Г. Коен за Бостон глоуб.

повеќе

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе