Дали може да се комбинираат вакцините против ковид-19 што се даваат во две дози?

Тоа веројатно е безбедно и ефикасно, но истражувачите сè уште собираат податоци за да се осигурат.

Фото: ЕПА

Вакцините против ковид одобрени низ светот се развиени за да го стимулираат имунолошкиот систем да произведува антитела што се борат против вирусот, иако на различни начини, објаснува д-р Кејт О'Брајан, директорка на отсекот за вакцини во Светската здравствена организација (СЗО).

„Врз основа на принципите на дејствување на вакцините, сметаме дека нивното комбинирање ќе даде резултати“, истакна О’Брајан.

Научниците од Универзитетот Оксфорд во Велика Британија тестираат комбинации на вакцини, кои се даваат во две дози, од компанијата Астразенека, Модерна, Новавакс и Фајзер-Бајонтек. Помали клинички испитувања се во тек во Шпанија и во Германија.

„Едноставно ни се потребни докази за секоја од тие комбинации“, рече О’Брајан.

Засега, штурите податоци сугерираат дека е безбедно и ефикасно да се даде вакцина Фајзер по дозата од Астразенека. Во таа комбинација, според сѐ, постои малку поголема веројатност за привремени несакани ефекти како што се болка во мускулите и треперење.

Можната причина е тоа што комбинирањето различни вакцини честопати може да стимулира посилен имунолошки одговор, вели Лоренс Јанг, вирусолог од Универзитетот Ворвик во Велика Британија.

Здравствените власти во некои земји веќе сугерираат во одредени случаи да се комбинираат вакцини.

Откако вакцината на Астразенека беше поврзана со исклучително ретки згрутчувања на крвта, многу европски земји како Германија, Франција и Шпанија препорачаа за втора доза граѓаните да примат вакцина на Фајзер или на Модерна.

Во Велика Британија и Канада, официјалните лица велат дека граѓаните треба да примаат втора доза од истата вакцина ако е можно. За луѓето што првата доза ја примиле од вакцината на Астразенека се препорачува втората доза да ја примат од друга вакцина само ако имаат проблеми со згрутчување на крвта или имаат поголем ризик од развој на згрутчување на крвта.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе