ЕУ обзервер

Дали изборите в недела може му да стават крај на бескрајниот ќор-сокак во Шпанија?

Неизвесноста околу изборите во Шпанија в недела, четврти за само четири години, продолжува да расте, а сите анкети сугерираат дека исходот би можел да биде исто толку неубедлив како и на претходните избори во април, вели ЕУ обзервер.

Откако социјалистичкиот премиер Педро Санчез го замени својот конзервативен претходник Маријано Рахој, јасно стави до знаење дека сака Шпанија да ја игра својата улога во Европа, репозиционирајќи ја видливоста на петтата по големина земја на блокот.

Сепак, долгиот политички ќор-сокак во Мадрид го погоди и влијанието на Санчез во Брисел.

Откако обидите за формирање коалициска влада на левичарските партии годинава повеќепати пропаднаа, сè уште е нејасно дали Шпанија ќе има - за прв пат во својата понова историја - коалициска влада, или дали сега социјалистичката влада на Санчез ќе добие поддршка за владеење со малцинска влада.

Само едно нешто е очигледно: шпанските политичари некако мора да најдат формула за формирање стабилна влада, која ќе може да ги деблокира фундаменталните политики како што се новите буџетски планови, кои долго време се во застој.

За да го стори тоа, Санчез ја отфрли идејата за голема коалиција со конзервативците на Шпанската народна партија (ПП), но побара од ПП и од централнодесничарската партија Сиудаданос (Граѓаните) да ја разгледаат можноста за „техничка апстиненција“ во неговата инаугурациска сесија.

Овој потег може да му овозможи да владее со малцинска влада.

 

Крај на бипартизацијата?

Централнолевичарската Социјалистичка партија (ПСОЕ) на Санчез, која најверојатно од изборите в недела ќе излезе како единствената поголема партија, според најновите анкети, во април освои најголем број места, но не доби апсолутно мнозинство.

Тој се обиде да договори коалициска програма со лидерот на Унидас подемос, Пабло Иглесијас, но преговорите пропаднаа, што доведе до сериозно зголемување на недовербата меѓу двете страни.

Претходно годинава, портпаролката на Унидас Подемос рече дека „има само две опции (за претстојната влада): коалиција на десничарски или левичарски партии. Се чини дека единствениот што не го разбира ова е Педро Санчез“.

„Бипартизацијата повеќе нема да функционира во оваа земја“, додаде таа.

Кога разните партии не успеаја да формираат влада, еден шпански левичарски политичар, Ињиго Ерехон (поранешен коосновач на Унидас подемос) најави создавање нова партија, наречена Мас паис („повеќе земја“), која ќе се кандидира на неделните избори.

Новата партија на Ерехон додава уште поголема неизвесност на гласачкото ливче в недела, бидејќи левичарските гласови сега веројатно ќе бидат уште повеќе расцепкани - што ќе ѝ помогне на главната конзервативна партија да постигне мнозинство или да го спречи секој друг блок во тоа.

 

Улогата на Каталонија

Каталонскиот проблем повторно е главна тема на политичката дебата за овие избори - што ѝ помогна на екстремнодесничарската партија Вокс да излезе како трета опција за Шпанците, според последните анкети.

Вокс првпат влезе во регионалната влада во декември 2018 година со 12 места во парламентот на Андалузија, а на парламентарните избори во април освои 24 места во конгресот.

Сепак, последните анкети покажуваат дека в недела би можела да ја удвои оваа бројка.

Доколку биде така, ова може да ја отвори вратата за конзервативната ПП, која веќе ја обезбеди поддршката на Вокс во неколку региони и општини за формирање коалициони влади со Сиудаданос.

На денот на изборите в недела илјадници полицајци ќе бидат распоредени во регионот Каталонија. Според Ел паис, извори блиски до операцијата откриваат дека 2.500 полицајци од Националната полиција и 2.000 припадници на Цивилната гарда ќе патролираат по улиците, заедно со уште 8.000 припадници на регионалните полициски сили, Мосуз дес квадра.

Оваа одлука уследи по неодамнешните улични нереди меѓу радикалните активисти за независност и полицијата, во кои беа повредени околу 600 лица, уапсени 200 демонстранти, а 28 се задржани во притвор.

Властите на Барселона ја проценија штетата на над 2,5 милиони евра.

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе