Спектатор

Дали е ЕУ-проектот на Емануел Макрон се ближи до своето Ватерло?

Еден германски политичар за Макрон рече: „Ако има визии, треба да оди на лекар“.

Емануел Макрон, некогаш златното момче на европската политика, може да го доживее своето прво изборно понижување. Мрачно расположение го обзеде претседателот. На министрите им е наредено да водат кампањи и да твитуваат како од тоа да им зависат работните места. А и може да им зависат. Самиот претседател, обично облечен како организатор на погреб, ја следи својата нормална хиперманична агенда. Но тој не успева да инспирира и неговиот изборен елан е едвај видлив.

Спектарот што го прогонува Елисеј е дека за помалку од три недели, Макроновиот наполеонски европски проект, т.н. ЕУ-ренесанса, наменет за федерализација на дипломатијата, фискалноста и на одбраната, ќе го доживее своето Ватерло.

Среќата на претседателот изгледа бледнее. Таму каде што некогаш ништо не можеше да тргне наопаку, сега ништо не оди добро. Тој нема политички инстинкти. Неговиот нарцизам предизвика џиновски пресврт. Мнозинството Французи не сакаат да имаат ништо со неговите модернистички идеи за обнова на опустошениот Нотр Дам (како споменик за него самиот?), туку само сакаат да се реставрира. Неговата Голема дебата беше целосна утка. И досадна.

Меркел го прекори за брегзитот, а потоа и за трговските разговори со САД. И сега неговата ЕУ-листа за изборите на 26 мај на анкетите стои полошо од онаа на типичната антиевропска популистка, Марин ле Пен. Сите други партии се во истиот ранг. Републиканците (остатоци од француските мејнстрим конзервативци) се на третото место, со 13,5 отсто. Крајната левица, микропартиите на „жолтите елеци“ и традиционалните социјалисти на сите анкети се под десет проценти. Откако беше отпишана по нејзиниот пораз од Макрон на претседателските избори токму пред две години, благодарение на Макрон сега се чини дека Ле Пен е на работ да направи бурен камбек.

Избирачките ветрови дуваат студено кон Макрон бидејќи тој има многу мала база на суперзадоволни гласачи. Можеби пет проценти. Остатокот од поддршката за него брзо бледнее. Оние што гласаа за него само за да ја држат Ле Пен подалеку од Елисејската палата веројатно нема да бидат толку мотивирани на изборите во Европскиот парламент. Колкумина ќе излезат на гласање?, вели Спектатор.

Имиџот на Макрон како спасител на Европа е уништен откако Економист го стави на насловната страница како оди по вода, пред помалку од две години. Макрон требаше да го победи популизмот, и навистина, и Марин ле Пен е на насловната, но се гледаат само нејзините нозе, бидејќи таа се дави.

Но Макрон не го победи популизмот, тој го поттикна. В сабота жолтите елеци ќе излезат на улица 26-та последователна недела.

Макрон ги направи изборите симбол, начин за обновување на неговиот мандат. Ова е уште еден доказ за политичка неспособност. Невозможно е тој да победи. Тој не може да добие повеќе од едно слабо мнозинство и можеби ни тоа. Француската делегација во Европскиот парламент ќе биде непријателски расположена кон Макрон, без разлика дали тој ќе заврши тесно прв или втор. Парламентот како целина ќе биде поевроскептичен од кога и да е, дури и без Најџел Фараџ. Тој парламент тешко дека е местото каде што Макрон може да ги исполни своите соништа. Еден германски политичар за Макрон вели: „Ако има визии, треба да оди на лекар“.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе