„Животот не смее да запре“

Д-р Глигиќ: Единствениот спас е што побрзо вакцинирање, ни здодеа тоа затворање

Вирусологот Ана Глигиќ за Н1 изјави дека многу пати се измамила давајќи процени за коронавирусот, но дека, ако вирусот не нѐ излаже повторно и не дојде до големи мутации, до средината на јули, на некој начин, ние некако ќе го победиме овој вирус.

Фото: Јутјуб

„Јас секогаш прогнозирам по она што го знам од искуството со проучувањето вируси, но вирусот понекогаш нѐ излажува. Сега се вели дека и Србија ќе има некој свој сој, тоа е премногу, секоја земја сака да има свој сој“, рече Глигиќ.

Таа додава дека сега во Србија има голем број заразени лица, висока смртност и сериозни клинички слики.

„Тоа значи дека нешто се сменило. Јас реков дека англиската верзија дојде кај нас минатото лето, но немавме докази за тоа. За светот се важни областите Италија, Шпанија, Балканот, затоа доаѓаа Кинезите и Русите, за да соберат вредни материјали“, наведува д-р Глигиќ.

Говорејќи за новите епидемиолошки мерки на српскиот Кризен штаб, Ана Глигиќ вели дека нејзиното мислење можеби малку се разликува, но смета дека мерките „тргни-застани“ не даваат резултат.

„Ни здодеа тоа затворање, мерките се ригорозни и по година и кусур дена. Особено нам што сме се занимавале со вирусите, ние предвидувавме нешто друго, сè уште не знаеме сè за коронавирусот“, рече Глигиќ.

Според неа, единствениот спас е што побрзо вакцинирање, па потоа ова ќе стане сезонска болест.

„Јас реков и дека училиштата и факултетите не треба да се затвораат, дека животот не смее да запре. Епидемиолозите се обидуваат да го вратат животот во нормала, важно е и како се чувствува човек. Мораме да се придржуваме до мерките, да носиме маски затоа што секое вакцинирано лице може да биде носител на вирусот“, вели лекарката.

За вакцинацијата во Србија Глигиќ вели дека таа, гледајќи ги редиците, би отворила уште пунктови, бидејќи тоа е начинот да се запре епидемијата.

„Што повеќе ревакцинирани, но ниедна вакцина не штити 100 проценти, тоа го повторивме многу пати. Здравствените работници се уморни, истоштени од работа од утро до вечер. Се надевам дека државата го прави она што мисли дека е најдобро. Имавме натпревари, избори, митинзи, сето тоа влијаеше ситуацијата вака да се развие, не само во нашата земја, туку и во целиот свет“, рече Глигиќ.

Таа додаде дека и вакцинацијата не треба да биде задолжителна.

„Тоа би наишло на страшен отпор, но неопходна е едукација за луѓето да се согласат. Луѓето можеби не го разбираат сето тоа, треба сето тоа да им се приближи и да им се каже што значи да се вакцинираат, а што значи да се дојде во контакт со вирусот. Исто така, да се препорача која е најдобрата вакцина. Јас се вакцинирав со кинеската“, рече Ана Глигиќ.

Легенда под Главна слика

Фото: Јутјуб

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе