Четвртина од светската популација е во опасност да остане без вода

Седумнаесет земји во кои живее четвртина од светското население се во екстремен ризик од недостиг на вода, покажува листата на Светскиот институт за ресурси (ВРИ). На врвот на листата од вкупно 164 земји, како најзагрозени од потенцијалниот недостиг од вода се Катар, Израел, Ливан, Иран и Јордан, за кои според извештајот на ВРИ, и најмала суша може да биде закана бидејќи ги трошат речиси сите достапни резерви на вода.

Во групата од 17 земји, според истражувањето на ВРИ, кои се изложени на „екстремно висок воден стрес“, најмногу има од Блискиот Исток и Северна Африка. Тоа се Либија, Кувајт, Саудиска Арабија, Еритреја, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Индија, Пакистан, Туркменистан, Оман и Боцвана, како и Сан Марино како единствена европска земја.

Македонија е на 52 место на табелата, во групата земји со „средно висок воден стрес“.

Од поранешните југословенски републики најбезбедна е Хрватска која е на 140-тото место, следат Црна Гора (121), Словенија (117), Србија (109) и Босна и Херцеговина (97).

Според извештајот на Светскиот институт за ресурси со седиште во Вашингтон, третина од човештвото, кое живее во 44 земји, се соочува со „високо ниво на воден стрес“.

Меѓу нив се и поголемиот дел од јужна Европа – Кипар (19), Грција (26), Шпанија (28), Албанија (33), Португалија (41) и Италија (44).

Најмалку загрозени од потенцијалниот недостиг од вода се Гвајана, Исланд, Јамајка, Либерија и Суринам кои се на последните пет места на листата на ВРИ.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе