Што значи победата на Шин фејн

Чекор кон ирско обединување?

Партијата Шин фејн бара да биде вклучена во новата влада на Ирска по историскиот успех на изборите, поради што нивната клучна цел за повторно обединување со Северна Ирска за првпат би можела да стане приоритет на владата во Даблин.

Левичарската ирска националистичка партија го вџаши естаблишментот победувајќи ги двете партии од десниот центар кои ја предводеа секоја влада во ирската историја, речиси удвојувајќи го бројот на гласовите во однос на минатите избори.

Неколку истражувања на јавното мислење покажаа дека порастот на популарноста на Шин фејн е заснован речиси исклучиво на големите теми за време на кампањата како здравството и високите цени на недвижнините, а дека идејата за ирско обединување гласачите речиси не ја ни регистрирале.

Меѓутоа, поранешното политичко крило на Ирската републиканска армија (ИРА) соопшти пред гласањето дека услов за каков било вид коалиција ќе бидат итни подготовки за референдум за обединување со Северна Ирска, која е дел од Обединетото Кралство, кој би го приморале Лондон да го одржи во рок од пет години.

„Имавме историски избори. Нема сомнеж дека старата политика на двопартискиот систем сега е завршена, заминува во минатото“, кажа лидерката на Шин фејн Мери Ли Мекдоналд. „Овој резултат на Шин фејн значи дека Шин фејн треба да биде во владата“.

Партиите Фине гаел на премиерот Лео Варадкар и опозициската Фијана фејл со години инсистираат дека нема да владеат со Шин фејн, наведувајќи ги како причина различните економски политики и врските на Шин фејн со ИРА. Оваа милитантна група се бореше против британската управа во Северна Ирска во конфликтот во кој пред мировниот договор во 1998 загинаа 3.600 луѓе.

Владејачката Фине гаел својот долгогодишен став го повтори и вчера додека Фијана фејл соопшти дека „нема да одбие да разговара“ со Шин фејн. „Меѓутоа, нема сомнеж дека политичките и принципиелните разлики и понатаму претставуваат жестока пречка“.

Според Договорот од Велики петок од 1998 година со кој заврши децениското насилство меѓу католичките националисти кои сакаа припојување на Северна Ирска и протестантските унионисти кои сакаат да останат дел од Обединетото Кралство, британскиот министер за тој регион може да свика референдим доколку изгледа дека таборот за обединување има мнозинство.

Гласање би можело да биде свикано и во Ирска а излезна анкета објавена во неделата покажа дека 57 отсто од гласачите поддржуваат одржување референдум во рок од пет години. Над 80 отсто од поддржувачите на Шин фејн сакаат референдум, додека тоа го сакаат 52 отсто од гласачите на Фијана фејл и 44 отсто од поддржувачите на Фине гаел.

Во изборниот манифест, Шин фејн соопшти дека сака да формира парламентарен одбор и собрание на граѓани за да го планираат ирското обединување.

Мекдоналд, чии партиски членови пееја ирски бунтовнички песни и го вееја ирското знаме по триумфот во неделата, смета дека Британија ќе размислува за свокување референдум дури кога Ирска проактивно ќе го планира обединувањето.

Фијана фејл и Фине гаел исто така сакаат обединување на островот – поделен пред речиси еден век – но сметаат дека сега не е времето. Фијана фејл ветува дека ќе почне некои подготовки, но не на нивото што го бара Шин фејн.

Оваа тема ќе биде веројатно клучна во преговорите и пречка за формирање влада. Фине гаел и Фијана фејл би можеле да продолжат да ја исклучуваат Шин фејн и самите да формираат коалиција и малцинска влада.

Шкотска веќе презема чекори за одржување референдум за независност и смета дека е само прашање на време а не дали ќе се одвои од Британија, изјави шкотската премиерка.

„Треба меѓу себе и со владата на Обединетото Кралство да се договориме за процесот за одржување на референдумот со јасен мандат кој би го дал народот на Шкотска“, кажа Никола Стурџон на прес-конференција во Брисел.

„ние во Шкотска преземаме чекори за референдумот да се одржи и да биде легитимен а резултатот прифатен и дома и во странство“, истакна таа.

Стурџон истакна дека не е јасно дали Шкотска може да одржи референдум без согласност на британската влада која одбива да разгледа одржување ново гласање за независност, по тој во 2014.

„Не исклучувам дека тоа е возможно во некој момент, доколку не успееме да се договориме. Меѓутоа, секогаш е неизвесно кога за нешто треба да одлучуваат судовите, би било најдобро да се договориме“.

Шпанскиот регион Каталонија едногласно прогласи независност во октомври 2017 по референдумот кој судовите го прогласија за незаконски, што ја предизвика најголемата политичка криза во земјата во последните децении.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе