Часовникот на судниот ден: човештвото е поблиску до апокалипса од кога било досега

„Кога часовникот стои на 100 секунди до полноќ, сите сме загрозени. Моментот е и опасен и неодржлив, а времето за дејствување е сега“, велат научниците.

Фото: Пиксабеј

Часовникот на Судниот ден, метафоричната претстава за тоа колку светот е блиску до уништувањето, остана ист: 100 секунди до полноќ, пренесува Индипендент.

Ова го соопшти научниот видеоблогер Хенк Грин, како и д-р Рејчел Бронсон, претседателка и главен извршен директор на Билтенот на атомските научници, кој управува со часовникот.

Присутни беа и други членови на бордот на групата, претставувајќи ги биоодбраната, сајбер-безбедноста, физиката и многу повеќе, а соопштувањето беше преку Зум.

„Стабилното не е добра вест“, предупредува професорката Шерон Сквасони од Институтот за меѓународна научна и технолошка политика. „Заглавени сме во опасен момент, кој не носи ниту стабилност ниту безбедност.“

Членовите на групата рекоа дека изборите во САД минатата година „дале надеж дека она што изгледаше како глобална трка кон катастрофа може да биде запрено“ и дека некој „поумерен и попредвидлив пристап кон лидерството и контролата на една од двата најголеми нуклеарни арсенали во светот означи добредојдена промена од претходните четири години.“

Д-р Скот Д. Саган укажа на некои корисни изјави што светските лидери ги дале за да се избегне нуклеарна војна - вклучително и дека американскиот претседател Џо Бајден и рускиот Владамир Путин рекоа дека никогаш не треба да се води нуклеарна војна.

Сепак, тој истакна и дека многу земји развиваат воено оружје на Блискиот Исток, а знаци за трки во нуклеарно вооружување јасно се гледаат во Кина. Се чини дека и Кина и Русија тестираат антисателитско оружје, нешто за што експертите предупредуваат дека никогаш не треба да се користи, поради заканата што може да ја донесе облакот од отпад предизвикан од војувањето – поради што човештвото може да остане засекогаш заробено на Земјата.

Во соопштението, Билтенот на атомските научници, исто така, истакнува дека одговорот во светот на пандемијата е „целосно недоволен“ зашто посиромашните земји се оставени невакцинирани, а плановите за глобална вакцинација пропаѓаат. До денес, потврдено е дека пет милиони луѓе починале од ковид-19.

Поврзана со тоа прашање е „корупцијата на информацискиот екосистем“, која минатата година „ја зарази Америка“ со дезинформации, што според експертите е закана за американската демократија.

Додека состанокот КОП26 во Глазгов минатата година „означи важна пресвртница во климатскиот мултилатерализам“, експертите велат дека има само „делумен напредок“ кон отстранувањето на емисиите на стакленички гасови и дека не се почитуваат договорите за обезбедување финансиска и технолошка поддршка.

„Генерално, проекциите и плановите на земјите за производство на фосилни горива се далеку од соодветни за да се постигнат глобалните цели од Париз“, велат тие.

Практично, експертите сугерираат дека Русија и САД треба да се придржуваат до ограничувањата за нуклеарното оружје, да ја забрзаат декарбонизацијата заедно со Кина, да ги намалат биолошките ризици од секаков вид преку подобрено производство на медицински материјали, а побогатите земји во светот да им помогнат на посиромашните земји во борбата против климатските промени.

„Кога часовникот стои на 100 секунди до полноќ, сите сме загрозени. Моментот е и опасен и неодржлив, а времето за дејствување е сега“.

Часовникот првпат е воспоставен во 1947 година за да симболизира колку сме блиску до „полноќ“ - апокалипса што може да го загрози целиот живот на Земјата. Организацијата „Билтен на атомските научници“ беше основана од членовите на проектот Менхетн, кои ги изградија првите атомски бомби во светот и „не можеа да се оградат од последиците од својата работа“.

Иако беше создаден како одговор на изгледите за нуклеарна војна, сега е одговорен за секој предизвик со кој треба да се соочи човештвото.

Стрелките може да се движат напред и назад во зависност од човековиот развој; во 1991 година, на крајот на Студената војна, беше поставена на 17 минути, каде што остана сѐ до 1995 година. Од 1947 година, часовникот е поместен осум пати наназад и 16 пати напред.

Последното ажурирање дојде во почетокот на 2021 година, кога научниците го задржаа часовникот на 100 секунди до полноќ, што беше поставено во 2020 година.

Тие ги наведоа зголемените закани од нуклеарна војна, како и предизвиците на ковид-19, климатските промени, дезинформациите на интернет и вештачката интелигенција.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе