Бурна расправа во Франција за проверката на невиноста

Франција е една од 20-те земји во светот во која се вршат проверки дали жената е девица, а по повод предлогот да се забрани таквата пракса, јавноста е поделена. Додека некои активисти и Обединетите нации бараат забрана на „варварската пракса“, други предупредуваат дека позицијата на одреден број муслиманки поради тоа може значително да се влоши.

EPA-EFE

Според наводите на Светската здравствена организација, проверката на невиноста на жените се спроведува во најмалку 20 земји во светот, а понекогаш таа се прави принудно, бидејќи семејствата, партнерите или потенцијалните работодавачи ги користат жените за проценка на честа или социјалната вредност.

Во Европа, според СЗО, тестови се прават во Белгија, Холандија, Британија, Шведска и Шпанија.

Во Франција проверката на невиноста е најчеста пракса кај муслиманите, како и кај одделни ромски семејства кои бараат доказ дека девојката е девица пред стапување во брак.

Франција има најголем број муслимани во Европа, околу 5 милиони, односно 7 до 8 отсто од населението.

Обединетите нации предупредуваат дека таквите тестови се болни, непрецизни и дека претставуваат кршење на човековите права, оценувајќи дека за нив нема место во модерното општество.

Но, не се сите согласни со тоа, а некои експерти предупредуваат на несакани последици од предложената забрана на проверката на невиноста во Франција, која е дел од поширокиот предлог закон за исламскиот сепаратизам, кој пред парламентот ќе се најде следниот месец.

Според нацрт законот, претседателот Емануел Макрон предлага казна затвор од една година и 15.000 евра парична казна за лекарите кои издаваат такви потврди. Тој закон треба да ги зајакне секуларните вредности и борбата против исламскиот сепаратизам кој, како што предупреди Макрон, се заканува да прегази некои заедници.

Како што објаснуваат лекарите, жените би можеле да плаќаат прекумерни надомести за нелегални тестови или ризикуваат да се соочат со насилно однесување на членови од семејството, без разлика дали станува збор за партнерите или идните роднини од страна на сопругот, ако немаат доказ за својата невиност.

„Со казнување на лекарите ќе се затвори единствената врата за пациентите, каде што тие би можеле да најдат помош и добијат совет. Тоа несомнено промовира црн пазар за добивање потврди, што сомнителните аптеки скапо ќе го наплатат“, вели гинекологот од Париз и главен лекар во прифатилиште за жртви на насилство Мезон де Фам, Гада Хатем Ганцер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе