Инфлација предизвикана од војната во Украина

Бугарите стравуваат од нови политички превирања по новите избори

Граѓаните на Бугарија кои се подготвуваат за своите четврти избори за помалку од две години се соочуваат со недостиг поради големата инфлација, предизвикана од војната во Украина, поради што многумина сакаат добра влада и стабилност по многуте години политички превирања.

EPA-EFE

Во прашање е способноста на следната влада да се справи со растечките трошоци на енергијата и да обезбеди снабдување со гас по достапни цени, пренесува Ројтерс.

Меѓутоа, се очекува дека нестабилната изградба на коалицијата ќе се одолговлекува по гласањето на 2 октомври, поради длабоките несогласувања во самата политичка елита околу тоа како да се искорени вкоренетата корупција и неуспехот на малиот број нови партии да изградат одржлива база на гласачи.

Како и многу граѓани на Бугарија, државната службеничка Захаринка Кокалова стравува дека нема крај на хаосот кој почна со неубедливите избори во април 2021 година.

„Се плашам дека нема влада“, вели Кокалова.

Таа порача за Ројтерс дека се плаши дека нештата ќе се влошат, без влада цените растат и животот станува постресен.

Во обид да се прилагодат на инфлацијата која се засилува низ Европа, Кокалова и нејзиниот сопруг планираат зимава да ја намалат големината на порциите храна и да користат поевтино дрво за греење.

Она што нема да го направи е да промени за кого вообичаено гласа, а тоа е Социјалистичката партија, која ветува повеќе владини субвенции.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе