Бараат заминување на владејачката елита

Бугарите протестираат повеќе од сто дена: „Уморни сме, но продолжуваме со отпорот“

Граѓаните на Бугарија веќе повеќе од сто дена излегуваат на протести, мирни и насилни, на кои бараат заминување на владејачката елита и ја обвинуваат за корупција и злоупотреба на позицијата.

EPA-EFE

„Уморна сум од тоа владата да одбива да ги слушне нашите барања, но продолжувам да протестирам од пркос и инает“, вели 39-годишната Мила Лоарова, директорка и глумица на куклен театар.

Стотиот ден од протестите во петокот неколку илјади луѓе и покрај дожот излегоа на улиците и повторно бараа оставка од премиерот Бојко Борисов, неговата конзервативна влада и јавниот обвинител Иван Гешев.

Демонстрантите владата ја обвинуваат за корупција, поврзаност со моќните олигарси и користење на правосудството за борба против своите политички противници. Тоа се најсериозните обвинувања против премиерот Борисов во неговите речиси десет години на власт.

„Нашиот проблем лежи во самата перцепција на нормалното. Многу навикнавме на корупцијата, непотизмот, искршените тротоари, дупките на патиштата, грдите згради и искршените автомобили, она што обичниот Европјанец би го сметал за неприфатливо, а нам ни е секојдневно“, истакна демонстрантот Владимир Василев.

„Рака од маглата“

Два инциденти го разгореа гневот на демонстрантте. Видео-снимка емитувана во живо на Фејсбук во јули откри како олигарх го заградил пристапот до јавна плажа од својата вила со помош на припадници на безбедносните служби. Потоа вооружена полиција со обвинители изврши претрес во канцелариите на еден од најжестоките критичари на Борисов, претседателот Румен Радев.

Василев, 42-годишен инженер и музичар, истакнува дека годините на лошо владеење ја заматиле перцепцијата на населението, а потоа инцидентите „изнуркале како голема рака од маглата која им удрила шлаканица“. Тогаш решиле дека е доста.

Борисов одбива да се повлече и најавува дека на власт ќе остане до крајот на март 2021, иако е под голем притисок на јавноста и обвинувања за корупција на највисоко ниво.

Анкетите покажуваат дека бугарскиот премиер, поранешен пожарникар и телохранител со црн појас во карате, повеќе не е толку популарен. Протестите ги поддржуваат околу 66 отсто Бугари, а 44 отсто бараат оставка на Борисов веднаш.

„Тоа е ефектот на протестите. Неговата позиција е сменета. Од моќна личност на врвот до некој кој е турнат до ѕид и нема никаков легитимитет“, тврди Василев.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе