Британски Телеграф: Ако доаѓа втор бран, Швеѓаните цело време беа во право

Имаше моменти за време на пандемијата кога чувствував дека ме лаже памтењето. Сигурен сум дека научниците ни зборуваа дека вториот бран на епидемијата е неизбежен. Можам да се заколнам дека на конференција за медиумите видов графикон кој покажува застрашувачка крива во облик на ѕвоно која ги прикажува проекциите на бројот на заразени на есен, а уште пострашна која ги прикажува проекциите за зимата. Сигурен сум дека ги слушнав експертите како ни објаснуваат дека ковид-19 ќе исчезне само ако создадеме имунитет, односно кога ќе се стекне имунитет, или по природен пат со антитела или со вакцина, пишува Кристофер Сноудон во коментарот за британски Телеграф.

EPA-EFE

Службените документи ме уверуваат дека не полудувам. Само неколку минути по состанокот на Сејџ (научниот одбор кој ја советува британската влада за време на пандемијата на коронавирусот, а чии членови се тајни) во март го дознавме ова: Сејџ беше едногласен во размислувањето дека мерките за целосно сузбивање на ширењето на ковид-19 сигурно ќе предизвикаат втор бран.

Колку што знам, тоа и понатаму е нивниот став. Сузбивањето на зимскиот вирус за време на најсончевата пролет би можело да се покаже како не баш големо постигнување. Најлошото можеби допрва ни доаѓа.

Една земја доаѓањето на зимата ќе го чека со значително помалку страв од повеќето. Изминатата недела, една студија покажа дека 30 отсто од Швеѓаните создале имунитет на вирусот. Ако имунитет на стадо им помогне како мерка во сузбивањето на вирусот во вториот бран, шведскиот пристап, кој многумина го критикуваа и оспоруваа, би можел да се покаже оправдан.

Швеѓаните не воведоа карантин, а таквиот пристап Маркус Карлсон од универзитетот Лунд во март го прогласи за „лудачки експеримент“. Д-р Сесилија Содерберг Ноклер од шведскиот институт Каролинска ја обвини владата за „водење во катастрофа“ и предвиде дека здравствениот систем ќе се распадне ако не се воведе целосно затворање. Секој модел предвидуваше експоненцијален раст на новозаразени.

И додека поголемиот дел од човештвото живееше во карантин. Фотографиите од Швеѓаните како се дружат во ресторани и барови изгледаа како нешто од друга димензија. Освен забраната за собирање на повеќе од 50 луѓе, животот во Шведска продолжи како да нема епидемија. Децата помлади од 16 години продолжија да одат во училиште. Никој не носеше маска. Ова, јасно е, беше само затишје пред бура.

Катастрофата никогаш не стигна. Како и во повеќето европски земји, Шведска врвот во бројот на умрените од ковид-19 го достигна во првата половина на април, по што следеше стабилен пад. Смртноста не се разликува од поголемиот број други европски земји, кои воведоа карантин. Дневниот број на умрени во Шведска ретко поминуваше двоцифрени бројки и стабилизиран е под 30 умрени на ден уште од средината на јуни. Половина од смртните случаи се поврзуваат со домовите за стари, додека две третини од умрените имале 80 и повеќе години.

Кога стана јасно дека пророштвата за катастрофа се погрешни, критичарите на шведскиот пристап на коронавирусот се свртеа кон пост-хок рационализација. Наведуваа дека Шведска имала среќа поради ниската густина на населеноста и големиот број домаќинства составени од едно лице. Некои тврдеа дека социјалното дистанцирање е природен дел од шведската култура или дека Швеѓаните не разговарале доволно за да се пренесат капки од вирусот. Ништо од тоа не е вистина, а добар дел е глупост, но ништо од тоа не беше спомнато во март, кога се зборуваше дека Шведска е осудена на пропаст.

Сега се смета за невкусно да се споредува Шведска со Британија, Италија, Шпанија или која било друга држава која имаше повисока стапка на смртност. Дозволено е само да се споредува со непосредните соседни земји, каде стапката на смртност е пониска. Спомнете ја Британија, или не дај Боже Белгија, која затвори една недела по Британија и има најголема стапка на смртност од вирусот во светот, и веднаш ќе ви кажат дека требало да се затворат многу порано.

Целта затоа се смени. Целта на карантинот повеќе не е заштита на здравствените системи, туку превенција на смртта по секоја цена. Нов Зеланд засега успеа да го искорени вирусот, но затоа се збогува со својата најголема извозна индустрија – туризмот – односно со десет отсто од економијата и 14 отсто од вкупната работна сила.

Изолиран од остатокот од светот, Нов Зеланд сега е затвореник кој зависи од вакцината, а вакцина може никогаш да не биде откриена.

Австралија мислеше дека го порази вирусот, но делови од државата Викторија се повторно затворени откако беа откриени нови случаи. Вирусот се разгоре во Соединетите Американски Држави, Израел и Јужноафриканската Република. Победата во борбата против првиот бран може да се окарактеризира како инвазијата во Ирак – само вовед во долготрајна војна која со своето траење само троши повеќе животи и пари.

Ако и постои надеж за избегнување на втор бран, тогаш таа лежи во следењето на контактите. Но апликациите се покажаа како неефикасни. Продавниците и понатаму ќе бидат соочени со екстремни правила за социјално дистанцирање и, најлошото од сѐ, стравот на луѓето да излезат надвор.

Според анкетата на Супер саботата кога во Британија отворија пабовите, само пет отсто од Британците излегле минатиот викенд. Само 21 отсто од Британците се чувствуваат безбедно да јадат во ресторан.

Но што е со трошоците на сето ова?

Шведска нема да ја одмине глобалната рецесија која следи. Нејзиниот БДП очекува пад од 5,3 отсто оваа година. Но БДП на еврозоната очекува пад од 8,7 отсто, Британија 9,7 отсто, повеќе од 10 во Италија, Франција и Шпанија.

Шведска не ги затвори своите училишта. Не ги затвори своите граѓани во домашен притвор. Ако вакцината почне да се произведува на есен, Швеѓаните ќе изгледаат безобѕирно.

Но, тоа нема да се случи, а зимата доаѓа.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе