Еуроњуз

Брегзитот бил толку трауматичен што пратениците одат на психијатар

Една неодамнешна анкета над повеќе од 2.000 Британци од истражувачката компанија Британ тинкс откри дека на 83 отсто им е смачено секој ден да гледаат вести за брегзитот, додека 64 отсто сметале дека тоа е лошо за менталното здравје.

За еден пратеник тоа станало премногу. За да избега од бурната и раскарана средина што ја создаде брегзитот во Парламентот и низ цела Британија, тој почнал да се крие во својата канцеларија.

„Ја затворам вратата, го гасам светлото и се покривам со јакната. Многу е темно“, изјави Ендрју Перси за Би-би-си неделава.

„Два пати гласав да излеземе без договор. Трипати гласав за договорот на премиерката“, рече тој. „Што и да направите, тие ви викаат.“

Перси не е осамен во чувството на стрес од долгиот и хаотичен развод на Британија од блокот на нации, чиј дел беше повеќе од 40 години.

А откако европските лидери неделава ѝ дозволија на Меј да го одложи датумот на заминување до 31 октомври, изгледа дека Британија ја чекаат уште месеци и месеци расправии и кавги.

Хју Мериман, друг конзервативен пратеник, призна дека одел на психијатар поради стресот предизвикан од брегзитот и злоупотребувањето од страна на гласачите.

Исто така, неговата половина се стеснила за 10 сантиметри како резултат на загриженоста.

„Решив дека треба да се осигурам дека добивам вистинска нега и дека ние се грижиме за нашето ментално здравје“, изјави тој за Би-би-си.

Норман Ламб, пратеник на опозицијата и поранешен министер за финансии, за Фајненшл тајмс изјави дека 24-часовната достапност на Твитер можеби го влошува проблемот.

„Ова е прв пат да поминуваме низ таква траума во парламентот во ерата на социјалните медиуми, каде што има постојан бараж од критики“, рече Ламб. „Тешко е да го задржите здравиот разум и да одржите бистра глава кога имате притисоци од партијата, од гласачите и од вашиот сопствен морален компас - а сето тоа може заемно да се побива“.

Линдзи Хојл, заменик-претседател на Долниот дом, минатата недела им пиша на пратениците за да ги потсети дека Парламентот има 24-часовна телефонска линија за психијатриско советување.

„Од витално значење е во време на зголемен стрес на работното место да имаме пристап до неопходната поддршка за здравјето и благосостојбата“, напиша тој.

Една неодамнешна анкета над повеќе од 2.000 Британци од истражувачката компанија Британ тинкс откри дека на 83 отсто им е смачено секој ден да гледаат вести за брегзитот, додека 64 отсто сметале дека тоа е лошо за менталното здравје. Повеќе од две третини од испитаниците рекле дека брегзитот е сè позбунувачки колку повеќе дознаваат за него.

„Мислам дека е фер да се каже дека количеството на конфузија и неизвесност предизвикани од брегзитот влијае врз менталното здравје на луѓето“, рече психологот д-р Лајла Меккеј, за Еуроњуз.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе