Брегзит: спогодбен развод или горчлива разделба, прашање е сега

Британија ја напушти Европската Унија во почетокот на оваа година, но и понатаму е членка на внатрешниот пазар на ЕУ и царинската унија и тоа ќе биде така до крајот на годината.

EPA-EFE

Британците сѐ уште имаат слободен пристап до пазарот на Унијата и стоката која се извезува од ЕУ во Британија не е оптоварена со никакви рестрикции. Вистинскиот економски раскин на Британија и ЕУ следи на крајот на годината и Брисел и Лондон сега ги вкрстија роговите околу тоа какво ќе биде разидувањето.

Последици по економијата

Ако договор не биде постигнат, постои ризик тоа негативно да влијае врз економијата и на Британија и на ЕУ. Царините и таксите ќе ја оптоварат трговијата и со преговорите, кои траат веќе со месеци, Лондон и Брисел се обидуваат да го спречат тоа. Некаков напредок е постигнат, но многу прашања останаа отворени, а времето истекува.

Дополнителен проблем предизвика Лондон со усвојувањето закон за интерниот пазар и работењето со Северна Ирска, кој е во спротивност со одредбите на договорот за брегзитот.

Британското здружение на индустријалци и претприемачи апелираше до двете страни да постигнат договор. Дефинитивно излегување од Унијата без договор и вториот бран на пандемијата ќе бидат, велат тие, неиздржливи за повеќето компании. Агенцијата Моди минатата недела поради слабата економија го намали кредитниот рејтинг на Британија.

Брисел не е спремен да попушти

Законот за интерна трговија ги намали шансите да се постигне договор, а Брисел сега повеќе не е спремен на компромиси. Британците упорно тврдат дека топката е кај ЕУ и дека тие треба да попуштат, што главниот преговарач на Брисел Мишел Барније го одбива.

И Европскиот парламент, кој треба да го ратификува евентуалниот договор со Британија, е прилично скептичен дека ќе биде постигнат договор. Една од главните спорни точки е договорот за правото на риболов околу кој Лондон и Брисел не можат да се договорат, а рокот од 15 октомври кој британскиот премиер Борис Џонсон го постави сега е пробиен.

За парламентите на 27-те земји членки да го ратификуваат евентуалниот договор, тој мора да биде договорен до крајот на октомври. Повеќе никој не е убеден дека во тоа ќе успеат, а самиот Џонсон минатата недела ги предупреди Британците дека се големи шансите Британија дефинитивно да ја напушти Унијата без договор.

Самитот на ЕУ заврши минатата недела без каков било договор и дипломатите сега велат дека вратата на Британија не ѝ целосно затворена, но...

Класично решение

Класично решение би бил специјален самит во Брисел каде по херојска борба некаков договор сепак би бил постигнат. Џонсон тоа многу би го сакал. Проблемот е што ЕУ не е подготвена така лесно да попушти.

Што ако нема договор?

Економските последици би биле сериозни и за Унијата и за Британија, особено во момент кога светот со веќе ослабени економии се соочува со нов бран на коронавирусот. Протекот на стока би бил ограничен, гужви би имало од двете страни на границата, а европските произведувачи на автомобили проценуваат дека останувањето без договор би ги чинело околу 110 милијарди евра. Германската канцеларка Ангела Меркел е свесна за тоа и едно е сигурно – ЕУ, и покрај инатењето во пазарењето, нема прва да се повлече од преговорите.

Џонсон, пак, повеќе пати повтори дека Британија е спремна да излезе без договор од ЕУ. Експертите, меѓутоа, не се сигурни. Пандемијата ја ослаби британската економија, а разидувањето со Европа без трговски договор дополнително ќе ја оптовари веќе „притиснатата“ економија на Обединетото Кралство.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе