Политико

Брегзит: што следува сега?

Планот на ЕУ за продолжување на рокот им ги менува калкулациите за брегзитот на „заминувачите“ и „останувачите“, вели Политико.

Време е сите да кликнеме „рефреш“ на ова вечно брегзит-прашање. Четврточниот договор на самитот, со кој работ на карпата се потурна до 12 април, ја смени сликата. Но колку?

Прво, тука се калкулациите на клучните групи во Долниот дом што треба да го прифатат договорот на Меј, за тој да помине следната недела.

За брегзитерските ториевци, сè уште се во игра изгледите да нема никаков договор, што тие го претпочитаат пред договорот на Меј. Да, Долниот дом може да го блокира таквиот исход, но тоа отсекогаш било така и тоа не ги спречи во минатото да гласаат против договорот на Меј.

За Демократската унионистичка партија, за која се важни само условите на „бекстопот“ со Северна Ирска, не е сменето ништо.

За лабуристичките пратеници, за кои гласаат избирачи што се за заминување, изгледите за помек брегзит одобрени од нивните сопствени министри остануваат на маса, така што тие сè уште немаат поттик да го поддржат договорот на Меј.

Затоа, изгледа многу веројатно дека повторно ќе се гласа против договорот кога Меј следната недела ќе го врати во Долниот дом (под претпоставка дека претседателот Џон Беркоу ќе одлучи дека синоќешниот договор, кој го содржи формалното одобрување на 27-те членки на ЕУ за минатонеделното „уверување“ за бекстопот, ќе го направи договорот доволно различен за да може за него да се гласа по трет пат).

Тоа значи дека датумот за излегување, 22 мај, кој стапува во сила само ако договорот се усвои оваа недела, е главно теоретски.

12 април е датумот на акцијата.

До тој датум Долниот дом мора или да најде мнозинство за некој алтернативен брегзит или да одлучи дека му треба повеќе време, па да изгласа овластување Британија да учествува на европските избори. Авторитетот на Меј да ги диктира настаните, по еден таков трет пораз, ќе исчезне; особено ако пратениците в понеделник го поддржат планот да ја преземат контролата врз агендата на Долниот дом в среда.

Пратениците во суштина би имале две недели за да најдат начин да си заминат на 12 април или да одложат. Постигнувањето на првото се чини дека е преголем залак. Да, семето на консензусот за царинска унија/единствен пазар е посеано од лидерите на лабуристите и ториевските мекобрегзитерци како Оливер Летин и Ник Боулс, кои последниве денови одржуваат продуктивни состаноци.

Но ова ќе има тешкотии да ја добие мнозинската поддршка доколку решителните поддржувачи на втор референдум - кои ги има барем 85 - ја повлечат својата поддршка со услов секој договор за брегзит да му се даде на народот на одобрување.

А ако Џереми Корбин и ториевците што се за мек брегзит попуштат пред притисокот за втор референдум за да ги придобијат овие околу 85-мина на своја страна, тие би можеле да ја изгубат поддршката на делот од лабуристите и умерените конзервативни пратеници со избирачи што гласаат за излегување, кои нема да поддржат ништо што некогаш може да доведе до блокирање на брегзит.

Тоа е квака-22. Со оглед на компликациите, едно цврсто мнозинство зад договор за алтернативен брегзит пред 12 април изгледа ако не невозможно, барем исклучително тешко. Што значи само едно нешто: одложување.

Доколку долгото продолжување ја следи формулата што ја постави Европската комисија во брифингот претходно оваа недела, тоа ќе биде „значително подолго“, до крајот на 2019 година.

Во овој момент, може ли Меј - која веќе е под силен притисок од нејзината партија - да продолжи како премиер? Мнозинството од нејзините пратеници (188) гласаа против одложувањето, а таа јавно кажа дека учеството на Британија на европските избори ќе биде „горчливо и раздорно“ и дека таа лично не е „подготвена“ да го одложи брегзитот по 30 јуни.

Ништо не е сигурно, но се чини веројатно дека долгото одложување би можело да биде крај на премиерувањето на Меј. Таа би можела да проба неколку последни фрлања на коцките, како на пример четврто значајно гласање пред 12 април, или предвремени избори. Но тоа може да бидат нејзините последни денови.

Сега сме длабоко хипотетични, но ако Меј поднесе оставка, се чини веројатно дека брегзитерите ќе постигнат триумф на последователниот натпревар за лидер на ториевците, за што на крај одлучуваат конзервативните членови, кои се остро наклонети кон европската десница.

Во континуираното отсуство на консензус во Долниот дом за алтернативен пат напред, дали новиот брегзитерски премиер тогаш ќе дојде во Брисел, ќе бара отстранување на бекстопот, ќе биде одбиен, а потоа ќе се заложи да ја откине Велика Британија од ЕУ без договор во декември?

Уште еднаш со брегзитот, едноставно постојат премногу движечки делови за да се направат цврсти предвидувања. Но со политичкиот простор за маневрирање што би го овозможило долгото одложување, многу работи сега изгледаат можни.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе