Важен сегмент на вежбата Бранител на Европа 2021

„Браон беретки“ на Балканот: единицата на американската војска – одраз на политиката на потиснување на Русија и Кина

Новата специјализирана единица на американската војска СФАБ, позната како „Браон беретки“, која е формирана за соработка со земјите низ светот и претставува одраз на политиката на потиснување на Русија и Кина во регионите важни за Вашингтон, учествува како важен сегмент на вежбата Бранител на Европа 2021 која се одржува на Балканот.

EPA-EFE

Како што наведува порталот Балканска безбедносна мрежа, станува збор за таканаречени инструкторски тимови на САД за поддршка на сојузниците, кои припаѓаат на „Браон беретките“ и кои „не се во првиот план на медиумското известување“, а дејствуваат во рамки на Моментален одговор 21, на полигонот Мањача кај Бања Лука, селото Бабај Бокс кај Ѓаковица, полигонот Биза кај Тирана и македонски Криволак.

Во БиХ и на Косово се испратени по еден том, а во Македонија и Албанија по три тима.

Задачата на тие тимови е поддршка во обуката на сојузничките структури на безбедност во најширока смисла, според проценката на потребите: од стриктно борбени единици, полиција, царина до која било друга служба која е на безбедносна задача.

„За Балканот новите тимови се важни бидејќи се засилува потенцијалното значење на советничката улога. Во поскорото минато, по Дејтонскиот договор, Американците на тогашната Војска на Федерацијата БиХ ѝ пружија обемна поддршка во обука и совети, но и во вооружување од автоматски пушки до тенкови. Во новите глобални околности тие може да се сметаат за дел од политиката на САД за сузбивање на влијанието на Кина и Русија. Пентагон на тоа укажа во февруари 2020 кога првиот советнички тим беше упатен во Африка. Тој пристап може да се смета за релевантен и за просторот на Балканот“, наведува порталот.

Во текстот се потсетува дека за американската надворешна политика военото присуство и советничката улога е многу важна и дека тактиките се разработени уште во Виетнамската војна, а дека пред три години е формирана првата од шесте нови единици на американската војска под назив Бригада за поддршка на безбедносните сили – СФАБ.

Препознатлив детаљ на СФАБ се браон беретките и ознаките кои гои носат исклучиво припадниците на овие единици.

Нивната примарна задача е обука на борбените единици на пријателската војска или полиција.

Начелно еден маневарски тим го сочинуваат 12 луѓе кои се стручни за разни области од работа со мини, военополициски работи, разузнавачко дејствување, логистика и одржување, врски и медицина. Бригадата формира шест тимови за обука на единиците за огнена поддршка, шест тимови инженерци и шест тимови за логистика.

„На вежбата Моментален одговор од 17 мај до 2 јуни една американска пешадиска бригада со засилувања е префрлена од САД на просторот од Словенија до Грција и разместена на терен. Паралелно со Американците се спроведуваат тактички вежби на оружените сили на земјите домаќини. Во поширок контекст Моментален одговор е поврзана со низа паралелни вежби на кои се проверува разместување американски бригади како поддршка на сојузниците во Европа. Во нашиот регион паралелната вежба Астрален витез беше проверка на ефикасноста на системите на противвоздушната одбрана на НАТО“, се наведува.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе