Босна и Херцеговина и Албанија се најкорумпираните земји во Европа

Босна и Херцеговина според индексот на перцепција на корупцијата е една од двете најлоши држави во Европа, а катастрофалната состојба може да се влоши ако актуелната политичка блокада во земјата дополнително се заостри, предупреди босанскохерцеговската гранка на организацијата Транспаренси интернешнал (ТИ).

Скриншот: Траспаренси интернешнал

„Прашањето на сите прашања сега се претстојните избори. Апсолутен приоритет е да се создадат елементарните предуслови за одржување избори. Без тоа земјата би влегла во целосен правен и институционален вакуум во кој бил доведен во прашање понатамошниот опстанок на државата“, изјави Срѓан Благовчанин, претседателот на управниот одбор на Транспаренси интернешнал во Сараево претставувајќи ги резултатите од мерењето на индексот на перцепција на корупцијата (ЦПИ).

БиХ заедно со Албанија се на дното на скалата на европските држави во кои се мери ЦПИ и тие две земји се на 110 место на скалата, на која Македонија е на 87-то место.

Таквата позиција БиХ и Албанија ги дефинира како држави со изразено присутна корупција, во кои не се почитуваат граѓанските права и слободи, а власта спроведува репресија над медиумите и се обидува да ги замолчи оние кои ја критикуваат. Во извештајот ТИ предупредува и на постојаните опструкции на реформите кои треба да доведат до потранспарентно финансирање на политичките партии и до фер избори.

Легенда под Главна слика

Скриншот: Траспаренси интернешнал

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе