Има малку природни коалициски партнери

Борисов го очекуваат тешки преговори

Долгогодишниот бугарски премиер Бојко Борисов вчера, според првичните резултати, победи на парламентарните избори и сега го очекуваат сложени коалициски преговори за да обезбеди уште еден четиригодишен мандат во најсиромашната држава од Европската Унија.

EPA-EFE

Излезните анкети покажаа дека десничарската ГЕРБ на Борисов ќе биде најголемата партија во парламентот со околу 25 отсто освоени гласови, што е значително помалку од 33,5 отсто колку што освои пред четири години.

По децениите доминирање со бугарската политика, Борисов има малку природни коалициски партнери во поделениот парламент, а повеќето групации отфрлаат директна соработка со ГЕРБ.

Недели на преговори, или дури и нови избори, не можат да бидат исклучени што на Бугарија би можел да ѝ го отежни пристапот до фондот на ЕУ за опоравување од 750 милијарди евра насочен за помош во изградбата на економиите низ блокот по пандемијата на коронавирусот.

Поранешниот пожарникар и телохранител, 61-годишниот Борисов, се обиде да го демонстрира својот успех во модернизацијата на бугарската инфраструктура во кампањата по масовните протести против корупцијата минатото лето кои придонесоа на падот на неговата популарност.

Неговите опзии за формирање коалиција дополнително ги комплицира формирањето на антиестаблишмент партијата Има таков народ на популарниот телевизиски водител и пејач Слави Трифонов кој според анкетата на Галуп освоила 17,1 отсто од гласовите, а според Алфа рисрч 15,2 отсто.

54-годишниот Трифонов, кој на концертите пее националистички песни пред илјадници луѓе, ја отфрли можноста за влегување во владејачка коалиција со ГЕРБ или социјалистите.

За време на владеењето на Борисов просечната заработка во Бугарија порасна за над 36 отсто на околу 1.468 лева (750 евра), државниот долг е намален, а државата е во ред за влез во еврозоната.

Меѓутоа, неуспехот на владата да ја сузбие ендемската корупција и да го реформира правосудството резултираа со масовни протести кои во текот на 2020 траеја со месеци. Демонстрантите го обвинуваа Борисов дека им се додворувал на локалните олигарси и дека ја канализирал помош од ЕУ кон претпријатија блиски на ГЕРБ, што тој го отфрла. Според Транспаренси интернешнал Бугарија е најкорумпираната држава на Европската Унија. Во неодамнешниот извештај на Стејт департментот за човековите права истакнати се сериозни проблеми во независноста на правосудството и во слободата на медиумите.

Претседателот Румен Радев, критичар на Борисов, кажа дека на Бугарија ѝ се потребни нови лица и идеи. „Овие избори ќе бидат првиот чекор кон враќањето во нормалноста, законите и правилата“, кажа Радев по гласањето.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе