Британија пред нови избори?

Борис Џонсон е премиер само 11 дена, а веќе е во големи проблеми

Првите денови на новата премиеркса функција во Британија Борис Џонсон нема да ги памти по добро.

И покрај растот на популарноста на Конзервативната партија во излезните анкети, изјавите за големиот скок кој Британија ќе го направи под лидерството на Џонсон сѐ уште се избрзани, пишува Си-ен-ен.

На регионалните избори во велшката покраина Брекон енд Радношајр конзервативците завршија на второто место зад проевропските либерални демократи забележувајќи пад од 10 отсто.

Со ова Џонсоновото парламентарно мнозинство се сведува на еден човек и дополнително му ја отежнува ионака тешката задача каква што немал ниту еден британски премиер од Втората светска војна: да го спроведе брегзитот до 31 октомври и да ја обедини поделената нација.

И покрај реториката со која го величи брегзитот, Џонсон ги наследи сите проблеми со кои мораше да се носи неговата претходничка Тереза меј, при што тенкото мнозинство е убедливо најголемиот од нив.

Меј се обиде да го реши проблемот со тенкото мнозинство во парламентот кој го наследи од Дејвид Камерон со распишување нови парламентарни избори.

Меѓутоа, планот ѝ се изјалови и за мнозинство ѝ беше потребна поддршката од ирските унионисти.

Мнозинството од 13 пратеници со време се разводни поради поразот на изборите и заминувањето на одредени членови на партијата поради несогласување околу политиката што ја заговараше за брегзит без договор со ЕУ.

Џонсон тешко дека ќе може да ги придобие овие луѓе назад, особено имајќи предвид дека политиката на Меј ја нарече мека и „самоубиствена по британските интереси“.

Дури и со поддршката од несигурните сојузници од редовите на унионистите, Џонсон се наоѓа во многу неблагодарна позиција бидејќи вети дека ќе се повлече ако не ги исполни своите задачи.

Тој вети брегзит на 31 октомври по секоја цена, но парламентарците сѐ уште не се сложни околу тоа кој тип на брегзит да го поддржат иако е јасна согласноста дека не сакаат брегзит без договор со ЕУ.

Иако не постои уставна пречка која на Џонсон би му оневозможила излегување од ЕУ без договор, ако тој така реши, би се случил опасен преседан во кој извршната власт би ги игнорирала упатствата на законодавната околу едно толку важно прашање.

Опцијата за гласање на доверба, односно нејзиното губење, би можело да доведе до пад на владата.

Слушајќи ги јавните коментари на конзервативците кои се противеја на изборот на Џонсон за премиер, не е тешко да се заклучи чии гласови би можеле скапо да го чинат.

Соочен со многу проблеми, Џонсон можеби ќе биде присилен за истото решение како неговата претходничка да распише нови парламентарни избори.

Со оглед на тоа што ѝ се случи на Меј, тој потег изгледа како лудило. Но, факт е дека Џонсон на премиерската функција дојде многу послаб и со помалку опции отколку што ги имаше поранешната премиерка.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе