Дојче веле

Борба за Балканот: Америка води пред Европската Унија со 1:0

Иако Европската Унија испрати на Балканот помош од повеќе милијарди евра и цела армија дипломати и експерти, предложените решенија за политичките кризи, какви што имаше во Албанија и Македонија, беа спроведени во дело дури по големиот ангажман на американските дипломати, пишува Дојче веле.

Со фудбалски жаргон, во финалниот натпревар на големите сили за контрола и влијание на Балканот моменталниот резултат е 1:0 за САД, Русија сѐ уште не се предава, од крилата напаѓаат Кина и Турција, а ЕУ е во дефанзива.

Со векови Западниот Балкан е игралиште на големите сили, Хабсбурзите против османлиите, западниот систем на вредности против комунистичките држави – тоа се ривалите низ историјата, пишува Дојче веле и истакнува дека сега повторно станува збор за моќ и влијание во регионот.

Овојпат во офанзива се Американците и Русите, но вмешани се и Кина и Турција, додека Европската Унија заостанува и покрај најголемиот личен и финансиски ангажман.

Русија и САД сѐ поостро се судираат на Балканот,  анализираше пред неколку дена угледниот информативен Т-портал од Хрватска, најмладата членка на ЕУ и додава: само еден мал конфликт може да го запали бурето барут.  Србија жонглира меѓу Брисел и Москва, загрижено неделава напиша најтиражниот српски весник Блиц, а српскиот Нови магазин ја забележува руско-американската енергетска војна на територијата на Европа – со Балканот во нејзиниот центар, истакнува германскиот сајт.

Пред две недели американскиот потпретседател Мајк Пенс ја посети малата Црна Гора, која годинава и покрај острото противење на Русија влезе во НАТО.

„Тука, на Западниот Балкан, Русија работи на дестабилизација на регионот за да се поткопа неговата демократија и да го подели“, изјави Пенс пред речиси сите шефови на влади од регионот. САД и под претседателот Доналд Трамп ја поддржуваат југоисточна Европа против Москва.

Таквите борбени тонови наидоа на критики, пред сѐ во Србија – Не е Русија таа која тука внесува дестабилизација, туку Западот, порача министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, пишува Дојче веле, додавајќи дека Белград со години се обидува да балансира.

На кандидатката за членство во ЕУ придружувањето на Унијата не ѝ оди доволно брзо, и истовремено со историскиот пријател Русија негува специјални односи.

Така во вториот по големина град, Ниш, постои Српско-руски хуманитарен центар, кој Вашингтон го смета за центар за шпионажа, а во моментов со Москва се преговара за набавка на шест половни авиони МиГ-29, тенкови и системи за противракетна одбрана.

Во исто време, САД се фокусираат на енергетското снабдување – тие бараат од Хрватска на островот Крк, во северниот дел од Јадранот, конечно да го изгради планираниот терминал за течен гас.

Него би го полнеле американски танкери и тој би требало да биде поврзан со слична станица во полско Свинојушче, па со тоа југоисточна Европа би била понезависна од рускиот гас.

На иницијатива на Хрватска и Полска минатата година беше почната Иницијативата на трите мориња (Балтик, Јадран, Црно Море) – 12 држави од централна, источна и југоисточна Европа сакаат посилна поддршка од САД за поинтензивно да се одбранат од Москва.

Кина во изминатите години во рамки на „Новиот пат на свилата“ тука градеше патишта и мостови, даваше кредити и модернизираше нуклеарни централи, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган следниот месец доаѓа во посета.

Дојче веле истакнува дека Турција, традиционално добро поврзана со муслиманите во Босна и Херцеговина, уште повеќе ги интензивирала врските и помагала во обновувањето на џамиите уништени за време на војната.

Борбата за влијание на Балканот дополнително ја разговруваат и медиумите, пишува ДВ истакнувајќи дека руската агенција Спутник тоа го прави со програмата на српски јазик и со тоа го јакне рускиот поглед на светот, додека американската компанија ККР, на која веќе ѝ припаѓаат водечките телевизии во регионот, тукушто ги купила Нова ТВ во Хрватска и ПОП ТВ во Словенија, најгледаните телевизиски станици.

Се истакнува и дека турската агенција Анадолија е особено силна во Босна, како и телевизијата и порталот Ал џезира Балкан од Катар на локалните јазици.

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе