Нова спорна реакција на претседателот на Бразил

Болсонаро стави вето на помош на домородците за време на пандемијата

Иако Бразил по бројот на заразените и умрените од ковид-19 е втор во светот, претседателот Жаир Болсонаро, и самиот заразен, стави вети на понудениот план за поддршка на исклучиво ранливите автохтони племенски заедници кои тврдат дека им се заканува целосно истребување.

EPA-EFE

Болсонаро стави веро на одредби на законот кој ја обврзува владата среде пандемијата на ковид-19 да им обезбеди на староседелските заедници вода за пиење, средства за дезинфекција и болнички кревети како и на финансирање на локалните управи со итни планови за автохтоните заедници, јавува Ројтерс.

Канцеларијата на бразилскиот претседател во средата, на 8 јули соопшти дека одредбите на законот кој го одобри Конгресот се „против јавниот интерес“ и „неуставни“ бидејќи ѝ наметнуваат трошоци на сојузната влада без нови извори на приход.

Староседелското население на Бразил од околу 850.000 е најчувствително на ковид-19, болеста предизвикана од новиот коронавирус, бидејќи живеат во оддалечени области со мал пристап до здравствените системи и затоа што нивниот начин на живот исклучува физичка дистанца.

Болсонаро стави вето на 16 делови од законот за напорите за решавање на опасноста од коронавирусот за автохтоното население на Бразил, но и понатаму се дозволени одредбите за соодветно тестирање, итни услуги и медицинска опрема. Претседателот стави вето и на одредбите кои ќе им пружат повеќе информации за вирусот, вклучувајќи и поголем пристап до интернет.

„Ветото го негира минимумот кој е потребен за опстанокот на овие заедници“, се наведува во соопштението на бразилската староседелска група Институт сосиоамбиентал (ИСА), истакнувајќи дека „ветото открива дека планот на претседателот е да нема план“. ИСА, пренесува Ројтерс, го повика Конгресот да г урне ветото, што може да се направи со доволно гласови.

Ветото на Болсонаро на неколку закони насочени на заштита на автохтоните заедници не е конечно бидејќи, истакнува Си-ен-ен, текстот на законот кој веќе го одобрија Конгресот и Сенатот, сега мора повторно да се изгласа. Ако мнозинството во двата дома гласа против ветото на претседателот, законот ќе биде одобрен во целост.

Со предложените одредби на законот на кои Болсонаро стави вето се утврдува план за вонредни ситуации за борба против пандемијата на староседелските територии, со кои староседелците и останатите традиционални заедници се категоризираат како „исклучително ранливи групи“. Тие, според предлог-законот, би се сметале и за категорија од висок ризик за итни случаи во јавното здравство.

Објавувањето на новиот закон, со ветото на Болсонаро, се случи истиот ден кога судијата на врховниот суд Луис Роберто Баросо ѝ наложи на владата да преземе мерки за заштита на тие заедници од ковид-19 барајќи државен план за вонредни ситуации, и поставување санитарни пунктови и изолатори на домородните територии.

Според податоците на универзитетот Џонс Хопкинс Бразил забележа повеќе од 1,6 милиони случаи на инфекција со коронавирусот, што е втор најголем број во светот по САД.

Податоците на Специјалната здравствена служба за староседелци укажуваат дека над 8.000 староседелци на Бразил досега се заразиле со коронавирусот. Но службата ги брои само луѓето кои живеат во урбаните центри на автохтоните територии.

Болсонаро, на кој неделава му беше потврден вирусот, повеќе пати ја отфрлаше заканата од болеста. Покрај тоа, пишува Си-ен-ен, изгради антагонистички однос со автохтоните Бразилци. Многу староседелски активисти за права протестираа поради зголемувањето на нелегалното ископување и сечата на шумите на нивната територија кои се зголемени откако Болсонаро дојде на власт.

Иако голем број студии утврдија дека хлорокинот и хидроксихлорокинот се неефикасни против ковид-19, а понекогаш и смртоносни поради штетните нуспојави, бразилскиот претседател до промовира и го користи, поттикнувајќи ги другите, меѓу кои и бразилските староседелци, да го прават истото, пишува Асошиејтед прес.

Американскиот претседател Доналд Трамп го промовираше лекот против маларија хидроксихлорокин како лек за ковид-19, но хлорокин, токсичната верзија на лекот произведен аво Бразил, со уште поголемо одушевување го промовира Болсонаро, кој тврди дека вирусот не е сериозен медицински проблем. Бразилскиот претседател кажа неделава дека по тестирањето е потврдено дека и тој е заразен, но дека се чувствува подобро благодарение на хлорокинот.

АП напоменува дека низа студии во Британија и САД, како и на Светската здравствена организација, утврдија дека хлорокинот и хидроксихлорокинот не се ефикасни во лекувањето на ковид-19, и дека понекогаш се смртоносни поради штетни нуспојави за срцето.

Бидејќи бројот на смртните случаи во Бразил продолжува да расте, достигнувајќи во средата бројка од 68.000, министерството за здравство дистрибуираше милиони апчиња хлорокин низ Бразил. Хлорокинот, пишува АП, стигна и до малите градови со малку или никаква здравствена инфраструктура за поднесување на пандемијата, па дури и на далечните староседелски територии.

„Тие се обидуваат да ги користат староседелците како заморчиња за тестирање на хлорокинот. Домородците се користат за промоција на хлорокинот како што тоа го правеше Болсонаро со преносите во живот, како манекен од плакатите за лекот“, вели Крета Каинанг, координаторка на организацијата на домородните народи АПИБ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе