Плаќаат од 16.000 до 25.000 евра по лет

Богатите Руси карантинот го поминуваат на Запад

Одделни приватни авионски компании забележале пораст на побарувачката од богати Руси кои сакаат да го минат времето на Запад за време на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, но поради ограничувањата што ги воведоа авиокомпаниите и владите не можат да патуваат со комерцијални летови.

EPA-EFE/SERGEI CHIRIKOV

Богатите Руси се упатиле во земји како Британија и Кипар каде што имаат недвижнини, дозволи за престој, двојно државјанство, или имаат блиски роднини, пишува Ројтерс повикувајќи се на упатени извори.

Тие плаќаат од 16.000 до 25.000 евра по лет, што е цена за превоз до 13 патници, навеле изворите.

„Луѓето се уморни од животот во карантин... бараат начин да заминат“, вели Александр Осит, сопственик на брокерската компанија ЏЕТВИП која тврди дека во последните два месеци бележи раст на летовите во еден правец од Русија кон Европа.

Користењето приватни авиони во момент кога повеќето авиокомпании се со приземјени флоти не е незаконско или невообичаено во Русија, а има извештаи и за Кинези кои од Соединетите Држави се враќаат дома и за Американци кои одат во елитните одморалишта во САД.

Во март имало 250 приватни летови меѓу Москва и Европа, покажуваат податоците за летови на 80 авиони регистрирани кај руските и европските чартер компании, иако во податоците не е наведено колку патници имало на летовите.

Летовите продолжиле во април, иако ги имало само 61 и покрај тоа што Русија, со исклучоци, ги суспендираше редовните и комерцијалните летови од Русија и од неа и ја затвори Москва, жариштето на епидемијата во таа земја.

Бројот на летовите во периодот меѓу 1 и 26 мај пораснал на 107, наведува британската агенција.

Три извори на Ројтерс тврдат дека бројот на Русите кои пристигнале во земјата во март бил поголем од оние кои тогаш ја напуштиле бидејќи Русија тогаш имаше релативно мал број заразени од ковид-19, додека во европските држави епидемијата се разгоруваше.

Тој тренд се сменил со време, кажале трите извори, и сѐ повеќе луѓе ја напуштаат Русија која сега е трета во светот по бројот на заразените, иако според официјалните податоци стапката на смртност е ниска.

Компанијата Џет партнерс, кој нуди летови со приватни авиони соопшти дека бележи пораст на бројот на барањата за дестинации во Франција, Шпанија, Кипар, Британија и други европски држави.

„Луѓето веруваат дека е побезбедно да бидат во приватни резиденции во странство“, вели Маргарита Ломакина, комерцијалната директорка на компанијата.

Станислав Кругов, директор на сметководството во компанијата ВИП груп аеро, кажал дека добил десетици барања од средината на април за летови до Виена, Ларнака и Рига од поединци и семејства со деца.

Компанијата Сириус аеро соопштила дека цените за летовите биле 20 до 30 отсто пониски во април и мај во однос на истиот период минатата година.

Од Росавијација, руската сојузна агенција за воздушен сообраќај, одбиле за Ројтерс да ги коментираат податоците за употребата на приватните авиони.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/SERGEI CHIRIKOV

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе